Несогласувањето помеѓу владините коалицини партнери

Објавил: Узунов Бобан | 23 јануари, 2019 21:35

Ахмети контра Заев, дали пука владината коалиција ?

Фото/Текст извор: ©alfatv/магазин

Законот за двојазичноста ја исфрли на виделина нервозата но и нетрпеливоста во владината коалиција. Првиот интегративец Али Ахмети го разобличи премиерот за Законот за двојазичност. Додека Заев тврди дека целата содржина на законското решение е пратена, ДУИ експресно реагира – на верификација се пратени само деловите од законот кои се однесуваат на двојазичните униформи и парите.

– Испратен е само делот за кој се договоривме. Тоа се две прашања за кои се договоривме, банкнотите и хартиите од вредност, и аблемите на војската и полоцијата. Јас не знам зошто сето ова се политизира и станува медиумска тема кога е познато дека законот е договорен со коалиционите партнери и е усвоен со потребното мнозинство. Треба да се знае дека за поништување или укинување на еден закон потребно е бадинтерово мнозинство, рече Ахмети.

Заев тврди дека целосната содржина, на законот за употреба на јазиците, е испратена на мислење заедно со алтернативниот текст на членот 8, кој не е составен дел од законот, од причина, што се постави прашањето за неговата усогласеност со Уставот на република Македонија

Дека „врие“ на илинденска бр.2 потврди и премиерот. Имало криза заради тоа што некои политичари сакаат да се китат и со туѓи перја. Овој закон не е на ДУИ, овој закон е и на СДСМ, вели Зоран Заев.

-Не ми требаат мене национализми од ниедна страна, затоа што кога повикав да одработиме како партнерство за државата, една од работите за кои што се согласивме е да градиме едно општество за сите. Како што јас како Македонец внимавам на моите сограѓани Албанци, така и колегите Албанци треба да внимаваат на сограѓаните Македонци – рече Заев.

Тоа што вчера јавно го покажаа Заев – Ахмети, Владата денеска се обиде да го оправда. Немало криза во коалицијата или судири како што пишуваат медиумите. Вчера имале владина седница на која работите функционирале редовно и тековно. Како некој толкувал одредени изјави, тоа било во рамки на слободата на израз

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести