Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, истакна дека квалификацијата на делото за кое се теретат обвинетите е несоодветна, затоа што на 27 април се случило се, само не и тероризам

Објавил: Мирко Бачиќ | 23 октомври, 2018 7:50

Ахмети: На 27 април минатата година во Собрането имаше се, само не тероризам

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Претседателот на ДУИ, политичко крило на терористичката ОНА, Али Ахмети, со “стручна проценка” што е тероризам и зошто на 27 април минатата година во инцидентот во Собранието на Македонија него го нема.

Во дебатниот магазин “Click Plus” на ТВ21, претседателот на ДУИ, Али Ахмети говореше и застаните од 27 април.

Вештачењето треба да утврди кој ги отворил вратите и јас не би се согласил со квалификацијата „тероризам“ , бидејќи тоа е најтешка квалификација. – вели Али Ахмети, во гостувањето на ТВ21.

Ахмети воедно говори и за гаранциите кои ги добил од претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека нема да има “одмазда” за пратениците кои гласаа за уставните измени во петокот во Собранието на Македонија.

Претседателот на најголемата опозициска партија во Македонија, ВМРО – ДПМНЕ му вети дека нема да се одмаздува на ниту еден пратеник доколку тој гласал “за”. – изјави Ахмети.

Според Ахмети, квалификацијата на делото за кое се обвинети голем број лица, мора да се промени, инцидентот во Собранието од 27 април минатата година е се, само не акт на тероризам, и смета дека ако тоа не се случи тогаш судството не е независно од партиско влијание.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.