Ахмети го надмина Заев, па побара поддршка за ЕУ интеграции од амбасадорот на Кралството Норвешка во Македонија, држава која никогаш не била членка на европската организација

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 септември, 2018 9:19

Ахмети не знае дека Норвешка не е во ЕУ?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на на Демократската унија за интеграција Али Ахмети оствари средба со норвешкиот амбасадор Арно Санес Бјотнстад на која ја нагласи високата подготвеност на сите структури на ДУИ за успешен референдум за НАТО но и ЕУ интеграции.

Претседателот Ахмети го запозна амбасадорот Бјотнстад за подготовките на Демократската унија за интеграција во пресрет на референдумот и ја нагласи високата спремност на сите структури на ДУИ за успешен резултат на 30 септември. Ахмети, исто така, ја повтори важната улога на опозицијата, повикувајќи ја да биде дел од завршетокот на нашиот заеднички пат кон Брисел и Европската Унија, – информираат од партијата.

Двајцата соговорници разговарале и за дијалогот Косово – Србија, а претседателот на ДУИ, како што посочуваат од партијата, го поддржал дијалогот меѓу Косово и Србија за да се изнајде конечно решение за меѓусебно признавање и за одржлив мир во регионот.

Иронично, но Ахмети не ја забележа “киселата” насмевка на Арно Санес Бјотнстад, кога говореше дека Македонија по референдумот забрзано ќе чекори кон ЕУ интеграциите, затоа што Норвешка не е ни членка на Европската Унија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести