Тој вчера посочи и дека ДУИ ќе даде Зелено светло за новиот состав на Влада и воедно посочи дека нема несогласувања во партијата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 август, 2020 9:34

Ахмети: Партнерството со СДСМ треба да продолжи, заедно сме направиле доста работи

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во вчерашното гостување во емисијата Click Plus“ лидерот на ДУИ, Али Ахмети истакна дека партнерството со СДСМ треба да продолжи бидејќи заедно направиле доста работи.

Тој на прашањето за последните релации со партијата која доби најголем број на мандати, како и превирањата за време на предизборната и изборна кампања, Ахмети вели СДСМ и ДУИ направиле доста работи заедно за тригодишниот мандат колку што траеше последнот владин состав.

Тој вчера посочи и дека ДУИ ќе даде Зелено светло за новиот состав на Влада и воедно посочи дека нема несогласувања во партијата.

„Нема несогласувања во ДУИ, сите избрани пратеници во Собранието ќе гласаат за новиот состав на Влада“, рече вчера Али Ахмети.

Со ваквата изјава Ахмети ги отфрли низата невистинити пишувањата на одредени медиуми дека во партијата има несогласувања и дека не е извесно гласањето за новата влада со која ќе раководи претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести