За лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денес, освен обвинителството и одбраната, прашања имаа и родителите на убиените момчиња.

Објавил: admin@magazin | 21 февруари, 2020 18:01

АХМЕТИ СВЕДОЧЕШЕ ВО “МОНСТРУМ”: Јас сум лидер на политичка партија, а не директор на театар

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Лидерот на ДУИ Али Ахмети сведочеше за случајот „Монструм“.

За лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денес, освен обвинителството и одбраната, прашања имаа и родителите на убиените момчиња.

Горан Наќески, таткото на убиениот Александар, го праша Ахмети дали се познава со некого од обвинетите, пишува МКД.

Во декември Врховниот суд ги укина пресудите и ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, по што им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Лидерот на ДУИ одговори дека лично го познава Фејзи Азири, и тоа од ‎2002-2003 година. Следното прашање на Наќески беше дали на Ахмети му е познато дека обвинетиот Фејзи бил главен логистичар за време на конфликтот во 2001 во Брест, Малино Маало и Танушевци, но судот ова прашање не го дозволи, бидејќи не се однесува на петкратното убиство.

Под чија директива Министерството за правда не потпишува за екстрадиција на бегалците и дали со Вашето политичко влијание и моќ можете да извршите влијание да се екстрадираат убијците?

„А дали стоите на изјавата дека овој настан е срам за Албанците?“, праша Наќески. Ахмети одговори: „Ќе ви го кажам тоа што го мислам и денес, дека нема Албанец што би го правел тоа, но ако извршителите на ова се Албанци, Албанците со плукање ќе ги казнат“.

„ Пред се, ние сакавме вистината да излезе на виделина и да триумфира правдата, само така можат да најдат мир тие кои ги загубија своите најмили, но и не со секој услов да се инструментализира еден виновен туку тој што го има сторено делото и да одговара, да нема селективна правда. Ваквите случаи нас не примораа да размислуваме на ветинг во судството, рече Ахмети.

Јас сум лидер на политичка партија, а не директор на театар одговори Ахмети од пултот во судницата.

Исто така сведочеше и Османи.

„Многу е важно што има повторување на судскиот процес за случајот наречен „Монструм“. Тоа е важно затоа што очигледно првото судење поради чувството на нетранспарентност создаде многу дилеми по однос на епилогот на судењето што потоа придонесе на недоверба на одлуката за процесот, но и недоверба во целиот судски процес” – рече Османи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.