Во интервјуто за Т7, Ахмети порача дека „на хегемонистичките политики им дојде крајот и идејата за премиер Албанец ќе заживее мошне бргу“.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 јули, 2020 9:44

Ахмети: Сé додека премиер може да биде Македонец зошто не би бил и еден Албанец

Фото/Текст извор: ©МИА.мк

Али Ахмети, лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), во интервју за косовската телевизијата Т7 синоќа изјави дека по парламентарните избори во Македонија, на кои неговата партија освои 15 пратенички мандати, иден премиер на земјата треба да биде Албанец, односно кандидатот на ДУИ Насер Зибери, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во интервјуто за Т7, Ахмети порача дека „на хегемонистичките политики им дојде крајот и идејата за премиер Албанец ќе заживее мошне бргу“.

– Албанците имаат право исто колку и Македонците и сé додека премиер може да биде Македонец зошто не би бил и еден Албанец, рече Ахмети.

Коалицијата на СДСМ и Беса освои 46, а коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ 44 пратенички места. Понатаму, ДУИ има 15 мандати, Алијансата за Албанците и Алтернатива 12, Левица, 2 и ДПА 1 мандат.

Одоговарајќи на новинарско прашање, лидерот на ДУИ рече дека се неосновани гласините оти неговите барања можат да доведат до дестабилизација на регионот и нагласи дека неговата партија ќе остане фактор на стабилноста.

– ДУИ никако нема да дозволи да се направат чекори наназад од Преспанскиот договор, од договорот за добрососедство со Бугарија и од Охридскиот договор, нагласи Ахмети.

Тој информира дека веќе стапил во контакт со лидерите на останатите партии на Албанците кои ќе имаат пратеници во идното македонско Собрание, односно со Зијадин Сеља од Алијансата за Албанците, Биљал Касами од Беса и Мендух Тачи од Демократската партија на Албанците.

Цел на контактите, според Ахмети, била „да се заживее сонот за прв премиер Албанец во Северна Македонија“. За содржината на тие разговори лидерот на ДУИ информира единствено дека Сеља, како лидер на коалицијата која освои 12 пратенички места, му рекол оти ќе му одговори откако официјално ќе се потврдат резултатите од гласањето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Избори 2020

Груби вели дека нема да дозволат да се вратат назад, без разлика дали се во позиција или во опозиција, па затоа истакна дека не доаѓа во предвид ДУИ да коалицира со Левица.

Груби: Секојдневно контактираме со СДСМ, не доаѓа во предвид коалиција со Левица!

Во интервју за албански „Шчип“,  организацискиот секретар на ДУИ, открива дека...

ДУИ има многу добра положба за преговарање, се согласувам со ставот дека барањето за прв премиер Албанец, не беше ништо повеќе од преговарачки чин на Али Ахмети- рече Богоевски.

Богоевски: Заев може да собере 61 пратеник и без ДУИ!

Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Павле Богоевски во вчерашното гостување...

Откако ДИК и Управниот суд ги отфрлија нивните приговори и жалби за изборни прекршувања во 5 и 6 изборна единица, главно за полнење на кутии, тие за понеделник најавуваат протестен марш во Скопје.

Таравари: Ако ДУИ дозволи да отвориме една гласачка кутија во Зајас, ќе им ги дадеме сите пратеници!

Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, во изјава за ТВ 21,...

Тој претходно истакна дека СДСМ, брзаше дури и во време на пандемија да има избори по секоја цена, а сега Заев замина на одмор велејќи дека има време за формирање Влада, и дека за тоа ќе се разговара после 2-ри август. 

Јакимовски: За да ги исполни сите барања на Заев ќе му остане само министерство за екологија

Во вчерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ поранешниот градоначалник на...