Инсистираме и ќе го реализираме ветингот во сите сфери на општествениот живот почнувајќи од судството, но и во сите државни институции, бидејќи ние само така ќе се бориме против корупцијата и екстремизмот,

Објавил: Перо Милчин | 13 октомври, 2019 18:15

АХМЕТИ: „Ја вративме гордоста кај Албанците – ГО УБИВМЕ СТРАВОТ, ние станавме свои на своето”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

– Ние станавме свои на свое, го убивме стравот, ја вративме гордоста кај Албанците. Во иднина ќе работиме на подготвување нови генерации за ЕУ и НАТО – рече вчера лидерот на ДУИ Али Ахмети на изборно собрание на партијата во Кичево. 

Инсистираме и ќе го реализираме ветингот во сите сфери на општествениот живот почнувајќи од судството, но и во сите државни институции, бидејќи ние само така ќе се бориме против корупцијата и екстремизмот,

Со функционирањето на правната држава ќе бидеме поблиску до европските вредности, ќе станеме 30. членка на НАТО до крајот на годинава или почетокот на идната. Подготвени сме да се соочиме со сите предизвици кои ги има потот кон ЕУ – истакна лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера на изборно собрание на партијата во Кичево.

На вчерашниот настан присуствуваа повеќе членови на партиско раководство и други функционери на партијата.

 Ние станавме свои на свое, го убивме стравот, ја вративме гордоста кај Албанците. Во иднина ќе работиме на подготвување нови генерации за ЕУ и НАТО – рече Ахмети.

Градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари рече дека ДУИ ќе биде успешна како партија и во наредниот период, како што беше во изминатите 18 години од формирањето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика