Викендот што помина познатиот српски пејач Аца Лукас организираше забава во еден познат ресторан во Белград по повод својот роденден.

Објавил: Весна Петровска | 12 ноември, 2019 10:56

Аца Лукас во делириум: Фолкерот славеше, па заспа на сопствениот роденден

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Луда родедненска збава на познатиот фолк пејач, Аца Лукас.

Викендот што помина познатиот српски пејач Аца Лукас организираше забава во еден познат ресторан во Белград по повод својот роденден.

На роденденската забава биле поканети најблиските пријатели и колеги на Лукас. кои „заглавиле“ до раните утрински часови.

Очигледно Лукас изморен од напорниот ден, некаде на крајот од својот роденден успеал да заспие пред присутните гости.

Како изгледало тоа, погледнете од фогорафијата:

За потсетување, Александар Вуксановиќ е роден на 3 ноември 1968 година во Белград. Името на неговиот татко е Вуксан, а на неговата мајка е Видосава Вуксановиќ. Прекарот „Лукас“ го добил по сплавот во Нов Белград, каде што настапувал во раните 1990-ти години. Станал популарен во белградскиот клуб „Хогар“ на Ада Циганлија, каде што дошол како замена за поранешниот пејач Мило Лојпур. Во „Хогар“ тој се запознал со Милан Шчеповиќ и Саша Лунгиновиќ, со кои свиреле џез и цигански песни. Лукас ги организирал овие песни во својот стил, што му донесе голема популарност во наредните години. По настапите во клубовите, тој настапил со групата Викторија, а потоа станал независен. Неговиот прв хит беше песната Каде одат луѓето како мене?. Во наредните години негови хитови биле: Јас живеам сам, Песна од болка, Лична карта, Соба за плачење, Кафеана на Балканот, Роденден, Нешто против болки, Бели рози, Вистина е дека те лажам.

Тој направил пауза во кариерата од 2004 до 2006 година. Во 2008 година, тој го освоил првото место на фестивалот „II Axal Grand“ со песната Запапали го светлото. На неговиот роденден, на 3 ноември, тој одржувал концерти во Белградска арена пред околу 20.000 луѓе, во 2010, 2011 и 2012 година. Тој го одржал десеттиот најголем концерт на Маракана на 8 јуни 2013 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.