Претходно, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека чека судска одлука за прашањето за евентуална промена на статусот на Аја Софија и дека ќе постапи согласно него.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 јули, 2020 16:48

АЈА СОФИЈА И ОФИЦИЈАЛНО СТАНУВА ЏАМИЈА: Ердоган ја оствари својата замисла!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Sputnjik

Државниот совет на Турција (повисок управен суд) и официјално го поништи решението од 1934 година за претворање на Аја Софија во Истанбул во музеј.

Од 1935 година, во време на градењето на новата турска држава на чело со Мустафа Кемал Ататурк, џамијата била претворена во музеј. Во текот на 1930-тите била извршена уште една реставрација, во која дел од исламските декорации биле отстранети за да се прикажат вредните христијански мозаици. Исто така биле отстранети и килимите од подот. Но, поради баланс помеѓу исламската и христијанската уметност, добар дел од исламската калиграфија и декорации биле оставени. На пример, на главната купола се претпоставува дека се наоѓа мозаик на Исус Седржател (ако не бил отстранет), но тој е покриен со исто така вредна исламска калиграфија.

Така, Аја Софија сега може да се користи како џамија.

Претходно, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека чека судска одлука за прашањето за евентуална промена на статусот на Аја Софија и дека ќе постапи согласно него.

Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу изјави дека неговата земја има право да го промени статусот на парламентот, без да се земат предвид мислењата на другите земји.

Црквата Света Софиja или Црквата на Пресветата Мудрост е поранешна православна базилика, која во текот на својата историја била претворена во џамија, а денес е музеј. Објектот се наоѓа во реонот Фатих во Истанбул, Турција. Во периодот кога била изградена, односно во 4 век, до 1453 година служела како византиска катедрала на Константинопол, освен во периодот од 1204 до 1261 година, кога била претворена во римокатоличка катедрала по заземањето на градот од страна на крстоносците и основањето на Латинската Империја. Како џамија, објектот служел од 29 мај 1453 година до 1931 година, кога истата била затворена. Од 1 февруари 1935 година претставува музеј.

Речиси 500 години, таа служела како една од главните џамии во градот и послужила за модел на многу други отомански џамии, како на пример Ахмедовата џамија, Шехзаде, Руштем-пашината, Сулејмановата џамија и комплексот Килиџ Али-паша. Секоја година, музејот Аја Софија го посетуваат над еден милион туристи. Често пати, Света Софија се нарекува осмо светско чудо на античкиот свет.

Црквата содржи голема колекција на свети мошти, како и 49 метри сребрен иконостас. Објектот бил седиште на патријархот на Константинопол и главна катедрала во православниот свет речиси илјада години. Во неа се случил и т.н. Голем раскол на црквата или Големата шизма, кога кардиналот Хамберт во 1054 година бил екскомунициран од Михаил Керулариј.

Црквата содржи голема колекција на свети мошти, како и 49 метри сребрен иконостас. Објектот бил седиште на патријархот на Константинопол и главна катедрала во православниот свет речиси илјада години. Во неа се случил и т.н. Голем раскол на црквата или Големата шизма, кога кардиналот Хамберт во 1054 година бил екскомунициран од Михаил Керулариј.

Во 1453 година градот Константинопол или Цариград бил освоен од страна на Отоманците на чело со султанот Мехмед II, кој наредил градбата да биде претворена во џамија. Сите ѕвона, иконостасот, олтарот и жртвеникот биле отстранети, а голем дел од мозаиците биле покриени со малтер. Исламските карактеристики, како михраб, минбер и четирите минариња биле додадени во времето на Отоманското Царство. Таа како џамија останала да служи до 1931 година кога била затворена за јавноста. Повторно била отворена во 1935 година како музеј во модерна Турција.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.