Врховниот суд на Турција го одбил барањето познатата црква од византискиот период Света Софија во Истанбул повторно да биде претворена во џамија

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 септември, 2018 12:20

Аја Софија нема да биде џамија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Барањето било одбиено од формални причини, било поднесено од една верска група а не од поединец.

Инаку Света Софија биле изградена во 537 година, а по падот на Цариград во 1453 година, Турците ја прават царска џамија што била се до 1935 година.  

Кога со одлука на тогашниот претседател на Турција Кемал Ататурк е претворена во музеј кој секоја година го посетуваат милиони туристи.

Света Софија инаку преставува ремек дело на византиската архитектура и уметност воопшто. Прекрасната Света Софија инаку скоро 1000 години била најголемата црква на светот, се до 1520 година и изградбата на Катедралата во Севилја.

Од изградбата во 537 година па се до 1453 година Света Софија била православна соборна црква и седиште на Вселенската Патријаршија. Од 1204 до 1261 била католичка црква, за време на Латинското царство.

Света Софија била џамија од 29 мај 1453 година до 1931 година: Потоа е секуларизирана и отворена како музеј на 1 февруари во 1935 година по наредба на преродбеникот Кемал Ататурк.

Во последно време инаку се поголем е притисокот над претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган да одобри Света Софија повторно да стане џамија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.