Во текот на подготовката, најпрво црвените пиперки (кои може да бидат и лути и благи) се печат, а потоа се ставаат во пластични ќеси за да набабрат, зашто на овој начин потоа полесно може да се излупат.

Објавил: admin@magazin | 13 септември, 2020 18:43

АЈВАР ОД ПЕЧЕНИ ПИПЕРКИ БЕЗ КОНЗЕРВАНС: Ова е најдобриот рецепт од нашите простори(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Ајварот е еден од највкусните специјалитети и најголемите тајни на балканската кујна, и води потекло од Македонија. Ајварот се припрема на традиционален начин (на отворен простор – пиперките се печат на шпорет на дрва), поради што потребна е доста напорна рачна работа. Најчесто се подготвува кон крајот на летото и во почетокот на есента. Во текот на подготовката, најпрво црвените пиперки (кои може да бидат и лути и благи) се печат, а потоа се ставаат во пластични ќеси за да набабрат, зашто на овој начин потоа полесно може да се излупат.

Потоа следува внимателното лупење, при кое треба да се отстранат семките и собирањето во мрежести вреќи во кои пиперките ја поминуваат ноќта. Следниот ден тие се сечат на ситни парчиња, мелат и пржат на тивок оган.

Треба да се забележи дека различни семејства, различно го подготвуваат својот ајвар. Така, некои во смесата додаваат мелени домати, некои моркови, а најчесто се користи модриот патлиџан како најефективен додаток на традиционалниот ајвар.

Најдобриот ајвар се произведува во домаќинствата, зашто само преку внимателна рачна работа може да се постигне целосно отстранување на лушпата и семето од пиперката што го гарантира чистиот вкус на ајварот. Тој е редовен и постојан дел од зимницата зашто најлесно се конзервира и најдолго може да опстои во зимскиот период од годината.

Состојки:

15 кг пиперки, 5 кг модар патлиџан, 800 мл масло, 4 лажици сол, 2 лажици шеќер, 2 лажици есенција.

Подготовка:

Измијте ги пиперките и модриот патлиџан и печете. Потоа исчистете ги и мелете ги. Истурете 800 мл масло во шерпата, загрејте и додадете пиперките и модриот патлиџан.

Додадете сол, шеќер и есенција. Мешајте постојано.

Истурете го топлиот ајвар во врели стерилизирани тегли, добро затворете и вратете ги во рерна 90 минути на 90 степени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.