Уште од дамнешни времиња, Индијанците ја користеле оваа блка за лекување на крварења, рани и инфекции, а според Ајуверда и Кинеската медицина, ајдучката трева позитивно влијае врз работата на слезината, црниот дроб, бубрезите и уринарниот тракт.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 јули, 2019 0:33

Ајдучка трева- делотворен лек за многу болести

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Речиси и нема човек кој не ја видел оваа магична билка која е наречена ајдучка трева. Имено токму оваа билка му помогнала на Ахил за лекување на раните на неговата војска.

Уште од дамнешни времиња, Индијанците ја користеле оваа блка за лекување на крварења, рани и инфекции, а според Ајуверда и Кинеската медицина, ајдучката трева позитивно влијае врз работата на слезината, црниот дроб, бубрезите и уринарниот тракт.

Ајдучката трева содржи хемиски состојки кои имаат влијание врз крвниот притисок, а исто така има антиинфламаторни (против воспалитени) својства.

Ајдучката трева е делотворна при многу заболувања па така се користи за намалување на температурата, добра е против настинки, нередовен менструален циклус, дијареа, проблеми со варењето на храната итн. Во комбинација со други растенија, ајдучката треба се користи при надуеност, гасови, грчеви во стомакот и останати проблеми со дигестивниот систем. Цинеолот од етеричното масло ги уништува патогените микроорганизми и се употребува како антихелминтик (против цревни паразити).

Најделотворна е кога се конзумира свежа, па поради тоа некои луѓе џвакаат свежи листови од ајдучка трева кога имаат забните болки.

Ајдучката трева го стопира крварењето, помага при хемороиди и вагинални инфекции, го забрзува зараснувањето исечениците и раните. Исто така ја зајакнува мускулатурата на матката и ја нормализира обилната и болна менструација. Третманот треба да се почне една седмица пред менструација со правење топли бањи од ајдучка трева. Горчливиот ахилеин, заедно со танините и витаминот К, ја прави билката погодна за сопирање на внатрешни и надворешни крвавења. Екстрактите од ајдучка трева се делотворни при цисти, воспаление на јајчниците и ендометриоза.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...