Нова Демократија го потврди својот став дека во Парламентот на Грција ќе гласа против Договорот од Преспа

Објавил: Мартин Попоски | 24 август, 2018 14:51

Бакојани: Нова демократија нема да гласа за Договорот од Преспа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што се одвиваа работите ќе биде многу тешко да има промена и Договорот да не дојде во Парламентот. Единствено што можам да кажам е дека ние нема да гласаме “за”. – вели поранешната грчка министерка за надворешни работи Дора Бакојани а сега пратеник во Нова демократија во интервју за радио “Практорио ФМ” за Договорот од Преспа.

“Кога доставивме иницијатива за гласање недоверба јасно кажав да немаме сомнежи штом владата продолжи кон потпишување на овој договор ќе постојат завршени работи. Веќе постојат во смисла дека господинот Заев и правилно од негова страна ги презентира оние работи што ги доби.” – рече Бакојани.

Членови на најголемата грчка опозициска партија но и претседателот во изминатиот период јавно го искажуваа нивното несогласување со решението меѓу Македонија и Грција и порачуваа дека Нова демократија нема да го поддржи Договорот од Преспа кога ќе дојде за ратификација во Парламентот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.