„Запознајте ја Македонија“ е насловот на промотивното видео во кое секој што би дошол во Тетово треба да ги запознае навивачите на Шкендија, кои биле многу повеќе од фудбал, спорт, идентитет.

Објавил: Едмонд Бекири | 26 декември, 2018 16:10

„Балистите„ добија пари од буџетот за промоција на Македонија! (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©sport1.mk

Иако постојано ја негираат Македонија, ја исвиркуваат химната, пропагираат формирање на Илирида, пеат зa Голема Албанија, навивачите на Шкендија, кои себеси се нарекуваат „Балисти“, станаа промотори на земјава благодарение на Министерството за култура, кое реши со буџетски пари на скандалозен начин да финансира промотивен клип во кој главна улога имаат тетовските хулигани.

„Запознајте ја Македонија“ е насловот на промотивното видео во кое секој што би дошол во Тетово треба да ги запознае навивачите на Шкендија, кои биле многу повеќе од фудбал, спорт, идентитет.

 Ако го посетите Тетово нема да запознаете човек, без разлика дали е млад или стар, кој нема да каже ‘јас сум Балист’. Песните кои ги пеат, кореографиите кои ги прават, тоа е шоу што не се пропушта“, е делот од пропагандата од 90 секунди наменета за навивачите на тетовскиот клуб.

Социјалните мрежи зовреа, па се наметнува прашањето, кој смислил промотивна кампања за Македонија преку најголемите негатори на постоењето на оваа држава, чии приврзаници постојано навредуваат буквално сè што е македонско.

Министерството за култура направи скандал и гаф од невидени размери – која е таа политика за промоција на една држава, која се прави преку претставување на навивачка група. А втор проблем е каква е таа промоција на држава, кога нејзините промотори се декларирани антимакедонци?

За навредите кон Македонците, македонските девојки, инцидент имаше пред нешто повеќе од еден месец, кога беше нападнато кафуле во Тетово полно со Македонци, а предизвикано од поголема група на навивачи на Шкендија.

Најзагреаните фанови на тетовскиот клуб во изминатите години постојано потенцираа дека не ја признаваат државата, па македонската химна досега многупати ја исвиркувале, истакнувале пароли со „Голема Албанија“, пароли за „Илирида“, географски карти од северозападниот дел од земјава кој требало да се отцепи и да влезе во Голема Албанија…

Но, врв на сѐ за непочитта кон Македонија е скандалот што Балисти го направија во Кичево на 17 октомври 2010 година, кога од јарболот на Градскиот стадион го симнаа македонското знаме и го закачија албанското. Со порака – збогум вентилатору, добредојде орелу.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Култура

Во 1871 година го објавил препевот на „Илијадата“, но бил жестоко искритикуван, од бугарската критика бидејќи пишувал на општословенски, а не на бугарски литературен јазик (кој не го знаел добро).

ЗА ЖИВОТОТ НА ГРИГОР ПРЛИЧЕВ – „СЕРДАРОТ“

Татко му починал кога тој бил шестмесечно бебе, па грижата за семјството паднала врз...

Градоначалничката на Градот Скопје, Данела Арсовска, денеска присуствуваше на промоцијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и УСАИД, каде беше промовирано „Упатството за огранизирање заеднички наставни часови

Град Скопје лидер во меѓуетничката интеграција во образовниот процес!

Град Скопје лидер во меѓуетничката интеграција во образовниот процес! Градоначалничката...