По забавата со пријателите Долорес и Стојан тргнале на пат за Загреб, на 23 октомври 2013 година, во 6.45 утрото, нивниот автомобил, кој го возел Матавуљ, се судрил со друг автомобил. Од силината на двата автомобили слетале од патот, а младата актерка, иако била врзана, излетала низ прозорот.

Објавил: Весна Петровска | 13 јуни, 2019 17:32

БАЛКАНОТ ЗАНЕМЕ ОД БОЛКА: Актерката почина на истото проколнато место каде и нашиот Тоше

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

На местото каде почина нашата најголема музичка ѕвезда Тоше Проески згасна живот и на славната хрватска актерка Долорес Ламбаша која била на врвот на кариерата кога трагично го изгубила животот во 32 година од животот.

Актерката кобната вечер се враќала од Белград за Загреб. Нејзиниот првобитен план бил со колегата Стојан Матавуљ да преспие во хотел, меѓутоа во последен момент се решиле за ноќно возење.

По забавата со пријателите Долорес и Стојан тргнале на пат за Загреб, на 23 октомври 2013 година, во 6.45 утрото, нивниот автомобил, кој го возел Матавуљ, се судрил со друг автомобил. Од силината на двата автомобили слетале од патот, а младата актерка, иако била врзана, излетала низ прозорот.

Со тешки повреди на абдоменот и внатрешно крварење, Долорес е превезена во болница, каде после неколку часа битка за нејзиниот живот, почина. Несреќата во која трагично настрада Долорес Ламбаша се случи кај Славонски брод, на истата делница на патот на која 6 години порано загина нашиот Тоше Проески.

Во последното необјавено интервју, кое го дала за хрватските медиуми изјавила дека единствена желба и е да биде жива и здрава.

За 30 години, би сакала да бидам жива и здрава. Би сакала се уште да глумам, пловам и ловам риби. Ма не ми треба мене многу. Мене можат да ме повредат само разочарувањата- рекла тогаш Долорес

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.