Што се однесува до еврозоната, владините активности доведоа до зголемување на јавниот долг од 1,5 милијарди долари во истиот период, за да достигнат 53 трилиони долари.

Објавил: Мирко Бачиќ | 21 ноември, 2020 17:48

Баталете ја короната, светот ќе го потопи друг ЦУНАМИ: Драматично предупредување од финансиски експерти(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Глобалниот долг се очекува да порасне до рекордни 277 трилиони долари до крајот на годината, додека владите и компаниите продолжуваат да трошат како одговор на пандемијата „Ковид“, соопшти Институтот за меѓународни финансии (IIF).

Според ИИФ, чии членови се над 400 банки и финансиски институции ширум светот, глобалниот долг е зголемен за 15 трилиони долари оваа година, на 272 трилиони долари од септември.

Извештајот посочува дека кај напредните земји, долгот се зголемил над 432 проценти од БДП во третиот квартал, што е зголемување за 50 проценти во споредба со 2019 година.

Скоро половина од тој раст го направија Соединетите држави, кои спроведоа еден од најголемите стимулативни пакети во светот. Вкупниот долг на САД е на пат да достигне 80 трилиони долари во 2020 година, во споредба со 71 трилион долари во 2019 година, соопшти МИФ.

Што се однесува до еврозоната, владините активности доведоа до зголемување на јавниот долг од 1,5 милијарди долари во истиот период, за да достигнат 53 трилиони долари.

Тоа е сè уште под највисоките вредности во регионот од 55 милијарди долари забележани во вториот квартал на 2014 година, кога се соочија со кризата со државниот долг.

Според истражувањето, нивото на долг на пазарите во развој се искачи на над 248 проценти од БДП, додека Либан, Кина, Малезија и Турција доживеаја најголем раст на долгот во нефинансискиот сектор.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...