Актуелниот претседател Доналд Трамп, кој според анкетите на јавното мислење е послаб од Бајден, исто така сака идната вакцина против вирусот, која би можела да биде готова во наредните недели, да биде бесплатна.

Објавил: Владо Марин | 24 октомври, 2020 19:49

БАЈДЕН ветува кули и градови: Вакцината за короната ќе биде БЕСПЛАТНА за сите

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Демократскиот кандидат за претседателските избори во САД, Џо Бајден, денес вети дека, доколку биде избран за претседател, вакцината против вирусот корона ќе биде „бесплатна за сите“ во рамките на неговиот национален план за борба против пандемијата.

„Штом имаме безбедна и ефикасна вакцина, таа треба да биде бесплатна за сите, без разлика дали сте осигурани или не“, рече Бајден, кој зборуваше 11 дена пред претседателските избори.

Актуелниот претседател Доналд Трамп, кој според анкетите на јавното мислење е послаб од Бајден, исто така сака идната вакцина против вирусот, која би можела да биде готова во наредните недели, да биде бесплатна.

Претседателот на САД Доналд Трамп гласаше пред време на изборите за претседател на САД.

„Штотуку гласав! Огромна чест“, напиша Трамп на Твитер.

Инаку Трамп гласа на Флорида каде минатата година ја преместил својата гласачка регистрација која претходно била во Њујорк.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.