Тој не прецизираше како републиканецот Трамп би можел да мами на изборите. Но, поранешниот потпретседател потсети дека Трамп жестоко се спротивставува на дописното гласање и најави дека демократите ќе имаат адвокати на избирачките места за да ги спречат републиканците да манипулираат со ливчињата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 јуни, 2020 22:34

Бајден: Војската ќе интервернира ако Трамп не сака да си оди по поразот на изборите!

Фото/Текст извор: ©пресс24

Демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден изјави денеска дека е загрижен што претседателот Доналд Трамп ќе се обиде да ги „украде“ изборите во ноември, но е сигурен дека војниците ќе го извадат од Белата куќа ако загуби и нема да сака да го признае резултатот, објавува Прес 24.

Џозеф Робинет „Џо“ Бајден џуниор (Скрантон, Пенсилванија, 20 ноември 1942 година) е поранешен 47-ти Потпретседател на Соединетите Држави во администрацијата на Барак Обама. Тој е член на Демократската партија. Тој е професор по право на неколку американски универзитети и од 1973 до 2009 година сенатор од државата Делавер.

Тој не прецизираше како републиканецот Трамп би можел да мами на изборите. Но, поранешниот потпретседател потсети дека Трамп жестоко се спротивставува на дописното гласање и најави дека демократите ќе имаат адвокати на избирачките места за да ги спречат републиканците да манипулираат со ливчињата.

Трамп во неколку наврати го критикуваше дописното гласање, велејќи дека без никави докази поголемиот удел на дописни ливчиња би довел до масовна кражба на гласови на изборите на 3. ноември.

Бајден рече дека коментарите на поранешните воени заповедници, кои го критикуваат одговорот на Трамп на протестите против полициската бруталност, го увериле дека американската војска ќе интервенира ако Трамп не ги признае резултатите од изборите.

„Апсолутно сум уверен дека експресно ќе го извадат од Белата куќа“, нагласи Бајден.

Бајден и претходно јавно предупредуваше дека Трамп би можел да мами на изборите. Но, неговата реторика се заостри последните месеци, во време кога анкетите покажуваат предност на поранешниот потпретседател над претседателот и кога Трамп се повеќе се спротивставува на дописното гласање.

Трамп и републиканците сметаат дека на дописното гласање може да се мами и дека тоа ги фаворизира демократите, иако тоа го демантираат бројни независни студии.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.