Недостаток на силно водство на Трамп, вели Бајден, однел човечки животи за време на пандемијата.

Објавил: Перо Милчин | 27 мај, 2020 10:13

БАЈДЕН СО ЖЕСТОК ОДГОВОР: Доналд Трамп е БУДАЛА, тоа се мачо глупости!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кандидатот за претседател на САД, Џозев Бајден изјави дека носењето маски во јавноста за да го спречи ширењето на вирусот корона покажува лидерство и исто така го нарекол неговиот републикански ривал и сегашен американски претседател Доналд Трамп „будала“ за правење на спротивното.

Недостатокот на силното водство на Трамп, вели Бајден, однел човечки животи за време на пандемијата.

За време на пандемијата Бајден остана во својот дом во Делавер и ја замрзна претседателската кампања.

За прв пат од март, тој се појави во јавноста како носи црна маска.
Тоа го привлече вниманието на Трамп, кој на Твитер објави фотографија на Бајден на Твитер со коментар:

„Ова би можело да објасни зошто Трамп не сака да носи маска во јавноста“.

Трамп сепак одбива да носи заштитна маска на јавни настани.

„Тој е будала. Тој треба да даде пример со своето раководство. Дури и водечкиот лекар во светот вели дека треба да носи маска“, рече Бајден.

Тој го карактеризираше однесувањето на Трамп како „мачо глупост“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.