Со тоа, тој исто така сакаше да го убеди американскиот народ дека вакцините Фајзер се безбедни, јавуваат локалните медиуми.

Објавил: admin@magazin | 21 декември, 2020 22:26

БАЈДЕН ЈА ПРИМИ ВАКЦИНА ПРЕД КАМЕРА: Му оддаде почит на Трамп, а особено им се заблагодари на лекарите и научниците(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден, им се придружи на политичарите кои примија вакцина против коронавирус пред камерите.

Со тоа, тој исто така сакаше да го убеди американскиот народ дека вакцините Фајзер се безбедни, јавуваат локалните медиуми.

Тој исто така рече дека очекува да ја добие втората доза и изјави дека претседателот Доналд Трамп „има некои заслуги за забрзување на развојот на вакцината“.

Бајден рече дека неговата сопруга била вакцинирана денеска.

Им должиме многу на овие луѓе, научници и други што го овозможија ова, луѓе кои се на фронтот, сите оние кои биле вклучени во клиничка работа “, рече тој.

Тој исто така рече дека тие не треба да патуваат ако не е потребно.

Меѓу високите американски официјални лица кои веќе ја примиле вакцината се и сегашниот потпретседател Мајк Пенс, спикерот на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и други.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.