Како што изјави министерката, станува збор за 15 месечно детенце, кое во градинката било само еден час, првиот ден кога се отворија градинките, за да се адаптира, а следните денови родителите не го носеле. Кога ги прашале зошто детето не посетува градинка, рекле дека вади запчиња.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 септември, 2020 22:25

Бебе позитивно на коронавирус: Цела група од јасли и вработените во градинка во Центар одат во изолација!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска соопшти пред јавноста дека цела група од јасли во градинката „13 Ноември“ во општина Центар, оди во самоизолација откако се појави дете со Ковид-19.

Заклучно од денеска целата група од јасли кои биле заедно со детето во градинка, како и воспитувачката и негувателката се ставени во самоизолација.

Како што изјави министерката, станува збор за 15 месечно детенце, кое во градинката било само еден час, првиот ден кога се отворија градинките, за да се адаптира, а следните денови родителите не го носеле. Кога ги прашале зошто детето не посетува градинка, рекле дека вади запчиња.

Веста за тоа дека детето и неговото цело семејство се заболени од Ковид 19, во градинката пристигнала вчера во 16 часот, по што институциите ги презеле сите мерки за заштита од зараза. Веднаш потоа било наложено децата и воспитувачите да бидат во самоизолација.

Шахпаска вели дека градинките имаат простор за примање деца, а приоритет имаат децата на самохрани родители и оние чии родители мора да одат двајцата на работа. Има место за уште 4.500 деца.

Шахпаска укажува дека дел од родителите на деца кои можат да одат во градинка не ги носат децата, а тие продолжуваат да не одат на работа.

Таа смета дека жените кои досега беа на продолжено породилно боледување се здрави жени и не спаѓаат во групата ризични.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести