Пред неколку години, Лејди Гага откри пред јавноста дека била жртва на силување.

Објавил: admin@magazin | 8 јануари, 2020 15:26

Бев силувана кога имав 19 години: Лејди Гага ја откри целата вистина- Призна дека има ментални проблеми

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во интервју за Опра Винфри, пејачката Лејди Гага зборуваше отворено за силувањата што ги доживеала кога имала 19 години, но и за менталните проблеми што ги доживеала како резултат на траумата.

Пред неколку години, Лејди Гага откри пред јавноста дека била жртва на силување, а во интервјуто за Опра Винфри, таа изјавила дека повеќе пати била силувања кога имала 19 години. Таа вели дека ова создало посттрауматски синдром кај неа.

“Немав никој да ми помогне. Немав терапевт. Немав психијатар. Немав лекар што ќе ми помогне. Јас одеднаш станав звезда. Патував низ целиот свет, од хотелската соба, до гаражата, сцената.” рече Гага. После интервјуто, водителката отиде во бекстејџот да се зборува со пејачката и да и се заблагодари за нејзината искреност за време на интервјуто.

Во почетокот на 2009 година, откако настапи на турнеите на New Kids On The Block и Pussycat Dolls, Лејди Гага започна сопствена турнеја насловена како The Fame Ball Tour (Турнеја Бал на Славата). До четвртата четрвртина од 2009, таа го објави и својот втор студио албум насловен како The Fame Monster (Славата чудовиште), со број еден водечкиот хит во светот „Bad Romance“ (Лоша романса), и со исто така започнување на втората турнеја, The Monster Ball Tour (Турнеја Бал на Чудовишта). Лејди Гага е инспирирана од глам-рок музичарите какви што се David Bowie и Freddie Mercury, но исто така и од поп музичарите какви што се Madonna и Michael Jackson. Таа исто така изјави дека модата е извор на инспирација за нејзиното пишување на песни и нејзините изведби. До денеска, таа има продадено над осум милиони албуми и над триесет и пет милиони синглови ширум светот.

Средбата предизвика солзи и кај двете.

„Бевте толку неверојатни. Бевте толку добри, толку ранливи, толку реални. Не можев да верувам дека го правите ова“, зборуваше Опра низ солзи додека се приближуваше кон Лејди Гага. 

Стефани Џоан Анџелина Германота позната по нејзиното сценско име Лејди Гага (анг. Lady Gaga) е американски поп пејач-текстописец. Започнала да изведува на музичката рок сцена во Њујорк во Lower East Side.

Набрзо потоа потпишува договор со Streamline Records, огранок на Interscope Records, веднаш по нивното формирање во 2007. За време на нејзиниот престој во Interscope, работела како текстописец за неколку познати изведувачи и го привлекла вниманието на Акон, кој ги препознал нејзините гласовни способности и ѝ помогнал да се пријави за неговата издавачка куќа, Kon Live Distribution.
Нејзиниот деби албум, „The Fame“ (Славата), беше издаден на 19 август, 2008 година. Освен тоа што доби прекумерно добри критики, албумот се најде и на првото место на топ листите во Канада, Австралија, Германија и Ирска, а исто така го освои и првото место на Billboard за најдобар електронски албум.

Првите два сингла од албумот, „Just Dance“ (Само танцувај) и „Poker Face“ (Покерско лице), напишани и продуцирани од страна на Лејди Гага заедно со RedOne, станаа меѓународни топ хитови, стигнувајќи на првото место на Hot 100 во Соединетите Американски Држави, но исто така и во други земји.

Албумот подоцна ги освои сите можни шест Греми Награди, и доби награда за Најдобар Електорнски/Денс Албум и Најдобар Денс Албум.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...