Во правна држава за која знаеме дека е дотолку повеќе полициска, едноставно е невозможно првото име на "декадното режимско владеење" да не се знае каде е четири дена по ред

Објавил: Мартин Попоски | 13 ноември, 2018 14:54

Бегството на Груевски, со “амин” на Заев и Спасовски?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Пред три години, во екот на политичката криза во Македонија, во јавноста провејува планот “Б” на тогашното актуелно раководство на ВМРО – ДПМНЕ, во главно изрежиран од Никола Груевски и Сашо Мијалков.

Имено до септември 2016 година, братучедите Мијалков и Груевски имаа одлични односи и целосно раководеа со партијата која се подготвуваше за изборите за кои според извори од партијата се знаеше дека ќе бидат изгубени.

Планот “Б” на Мијалков и Груевски беше прилично едноставен.

Да се дозволи победа на СДСМ како веќе се знаеше дека ќе се повтори ефектот 2002 – 2006 година, па затоа и ја зголемија националистичката реторика дека се бараат 63 пратенички мандати за апсолутна победа.

Бегството на пратеникот Никола Груевски едноставно, по сите мерки претпазливост, не е можно ако МВР ја вршело професионалн својата работа. Човекот кој е осомничен во пет истражни постапки на СЈО, да не се знае каде е четири деноноќија е сериозна назнака за намерен пропуст.

Изворите се загубија катастрофално.

Иако ВМРО – ДПМНЕ остана најголемата политичка партија во Македонија. Моментално од 51 члениот парламентарен состав има 39 пратенички мандати кои останаа верни на политиките на новиот претседател, Христијан Мицкоски кој реши да расчисти и со предавниците но и оние кадри кои по декадното владеење се огрешиле и посегнале кон криминалот.

Токму и Мицкоски застана на патот на реализацијата на планот “Б” кој иако во лоши односи, Мијалков и Груевски требаше да го реализираат.

Тивка поддршка за уставните промени со што откако ќе се имплементираше Преспанскиот рамковен договор со нивна поддршка, ќе ги прогласеа СДСМ и ДУИ за национални предавници, а самата партија за патриотски бастион кој ги бранел, но ете, не успеал да ги одбрани националните интереси на Република Македонија, држава на Македонскиот народ.

Преспанскиот договор и Договорот со Бугарија е впрочем дел од Тиранската платформа која ја прифати Заев.

Тоа и се виде на денот на гласањето за референдумот за промена на името, а ескалираше на денот на гласање уставни измени.

Премиерот Заев доби она што очигледно и го сакаше. Дефокусирање од уставните измено токму во моментот кога тие влегуваат во собраниска расправа, иако не ја пресмета моќта на Мицкоски и ВМРО – ДПМНЕ за брзата внатрепартиска реорганизација.

Прашање на кое сеуште нема одговор е како само Мијалков од сите обвинети шета слободен? 

Имено познавачите на политичките игри, знаат дека Груевски не можеше да избега од Македонија без знаење и премолчена дозвола од Заев и Спасовски.

Времените мерки за надзор подразбираа дека е следен цело време и тоа во континуитет веќе година и половина, поточно од јуни минатата година.

Груевски како актуелен пратеник но поранешен декаден премиер имаше законска обврска да биде заштитен 24 часа следните 10 години.

Приказните дека МВР прекинало контакти од четвртокот пред полноќ говорат дека некој не си ја сработил професионално својата работа или одработил како било наредено.

Спектакуларниот начин на апсење, на празен стан, од оваа времена дистанца од 12 часа е смешен чин. Иако Спасовски не одговори кој обезбедил медиумска покриеност во живо од чинот за обид за апсење?

Полициското обезбедување пред домот на Груевски нема уметнички аспект на декоративно растение. Негово задолжение, дотолку повеќе што се работи за лице против кое има најмалку пет истраги, требало барем да провери дали Груевски е дома за периодот од четири дена.

Интересна е и констатацијата на министерот Спасовски дека виновни за бегството за Груевски се судиите кои не му изрекле мерка притвор. Зошто не го повтори истото и за Мијалков кој во последниот случај под кодно име “Империја” е второ осомничен а е на слобода?

Единствениот “играч” кој има за едно обвинение повеќе од СЈО после Груевски е неговиот прв братучед Мијалков, кој по последната истрага “Империја” иако првоосомничен со Орце Камчев, остана на слобода иако се шпекулира дека поседува и Чешки пасош кој не му е одземен. 

Апсењето пратеник со активен мандат а со тоа и имунитет е кривично дело. Значи се крена голема врема за ништо.

Воедно интересен сегмент е и маничната реакција на МВР откако дел од медиумите грешно пласираа вест дека потерницата по Груевски од национална преминала во интернационална. И тоа беше веднаш демантирано, за по 30 минути Груевски преку социјалните мрежи да соопшти дека е веќе во Будимпешта.

Информации од теренот говорат за можност дека тој пребегал за време на викендот, и тоа саботата за неделата во ноќта.

Прашање е како, ако се знае дека нема друга валидна патна исправа освен онаа на Република Македонија која е одземена пред година и пол? Мијалков за пример има Чешки пасош кој не е одземен.

Изборот на Унгарија под водство на Виктор Орбан исто така не е случајност, иако Унгарија има закони по ЕУ за естрадикција. 

Прашања на кои никогаш нема да се дознае одговорот е како МВР четири деноноќија не се запрашаа каде им е “режимскиот” поранешен премиер.

Ако се реализира планот “Б” веќе е касно. Груевски има недвижнини во Холандија, а Мијалков последно градеше домови за стари лица во Белгија. 

Магазинот Фокус во своето издание од 23 август 2018 година излезе под насловот “Дали власта ќе му дозволи на Груевски да избега во Унгарија, ако пратеници на ВМРО – ДПМНЕ го поддржат договорот за името?” Дали сценариото почна да се остварува, но беше спречено од пратениците кои застанаа во поддршка на Мицкоски?

Прашањето е дали овие акции, по неуспешниот обид за дефокусирање со апсењето на Орце Камчев и претежно негови и само негови компании и соработници, не беше доволно па се реализираше бегството на пратеникот Никола Груевски.

Притоа казната за бегство е пет години и одземање пратенички мандат.

Со тоа Груевски се амнестира од изборот на граѓаните да биде нивни претставник па било тоа и од политички исцениранта казна затвор во Шутка.

Зошто ова се случува во екот на носење уставни амандмани, а две недели пред почетокот на расправата на законодавнот дом, која за разлика од комисиската, Талат Џафери нема да може да ја цензурира во ТВ преносот а со тоа и во оснознавањето на вистината што амандманите подразвираат сами по себе за Македонија и македонскиот народ.

Што е исценирано, што е режирано, што е вистина, кога – тогаш ќе се дознае. Македонскиот народ има метод да го санкционира чинот.

насловната страница од печатеното издание на Фокус пред три месец, со прашање: Дали власта ќе му дозволи на Груевски да избега во Унгарија, ако пратеници на ВМРО-ДПМНЕ го поддржат договорот за името?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.