Анализа на Магазин зошто прес-конференцијата на јавното обвинителство е во функција на кампањата за следните претседателски избори

Објавил: Узунов Бобан | 3 јануари, 2019 12:25

Бегство на Груевски или бегство од одговорност ?!

Фото/Текст извор: ©магазин

Вообичаено тивкиот Јавниот обвинител во празничната бучава се обиде ја информира јавноста дека Груевски не ја напуштил Македонија на легален начин туку тоа било направено најверојатно преку илегални премини. Во истата изјава Јовески тврди дека обвинителството не утврдува дали има пропусти во одредени институции, па оттука логично го поставуваме прашањето, зошто Јавното обвинителство излегува со информација дека Груевски не ја напуштил држаавата преку граничен премин кога тоа можело да го соопшти институцијата која е надлежна а тоа е МВР?! Сево ова е во насока на т.н стратегија damage good односно во поправање на рејтингот на јавна личност поради скандал за кој се бара негова одговорност и највероатно е следен претседателски кандидат.

Како за јавен обвинител кој има многу повеќе информации од сите нас, неговата прес-конференција само што ја апдејтуваше теоријата на заговор која се плетеше околу бегството на поранешниот премиер.

Но едно е сигурно, Јавниот обвинител намерно или не, многу помогна во ПР стратегијата на власта за перење од одговорноста по неколку основи ?!

“Обвинителството не утврдува дали има пропусти на одредени институции, туку дали има кривично-правни дејствија од некои лица за овозможување на бегството. Надлежните институции, во рамките на нивната внатрешна организација, треба да утврдат дали и каква одговорност имало во нивното постапување и надлежност”.

Прво тајмингот кој е одбран за прес конференцијата на Јавниот обвинител не соодествува со тежината и одговорноста на случај како што е бегство на поранешен премиер кого цела јавност кога очекуваше со торбица на капијата пред Идризово. А да, и да не заборавиме дека власта го бараше во гепеците на партиски членови на ВМРО-ДПМНЕ како прв чин од претставата која се сервира на јавноста. 

Второ, ако се има предвид дека човекот од кого се бараше политичка одговорност за бегството на Груевски е најверојатно кандидатот за претседател на државата од СДСМ јасно ќе сфатиме што сакал авторот да каже со пресот на јавниот обвинител. Политичка одговорност од Оливер Спасовски побара дури и крилото на Шеќеринска преку своите медиумски перјаници и експерти за брзи интервенции во рамките на внатрепартиската борба. Изјавата на Јавниот обвинител е јасна, нема одговорност кај тој што ги контролира граничните премини.

Трето, во изјавата се вели дека обвинителството не утврдувало дека има пропусти во одредени институции, тогаш зошто не ја соопшува истата информација надлежната институција МВР ? А тоа не го соопштува МВР затоа што од ПР аспект е најповолно независна институција да потврди дека нема одогворност кај министерот Спасовски и дека тоа најдобро ќе помине во јавноста. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика