По нејзината манекенска кариера, Белучи стана актерка, а многу од нејзините улоги станаа дел од филмската историја . На пример, сцените од филмот Малена продолжуваат да се гледаат и денес на социјалните мрежи, а Моника го покажа целито свој талент и убавина во овој филм.

Објавил: Весна Петровска | 30 септември, 2019 18:57

БЕЗВРЕМЕНСКА УБАВИЦА: Моника Белучи во шестата деценија од животот „ЗРЕЛАТА ЖЕНА НЕ ГУБИ ШАРМ“

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Најубавата италијанска актерка повеќе од 30 години е ѕвезда и многумина ја сметаат за најсексипилната жена на светот.

Во своите дваесетти години, почнала да работи како модел, а нејзиниот изглед наскоро ја донесе на ревиите на дуото „Долче и Габана“, по што стана нивна муза. Моника дури и на зрела возраст е на насловните страници на списанијата.

По нејзината манекенска кариера, Белучи стана актерка, а многу од нејзините улоги станаа дел од филмската историја . На пример, сцените од филмот Малена продолжуваат да се гледаат и денес на социјалните мрежи, а Моника го покажа целито свој талент и убавина во овој филм.

Моника Белучи беше Бонд девојка која направи вистински БУМ на филмското платно.

На прашањето дали некогаш помислила дека ќе биде дел од армијата Бонд – девојки,, италијанската актерка одговара дека, една актерка од нејзин калибар размислува буквално за сè. Сепак, додава дека не очекувала дека токму на оваа возраст ќе ја има честа да биде дел од Бонд семејството.

Убавицата која никогаш не старее

„Навистина не знам како да ти објаснам, знам само едно, дека во мојот живот важните работи доаѓаат со задоцнување. Првата ќерка ја добив на 40 години, а втората на 45, Бонд на 50. Кај мене ништо не е случајно се е веќе добро однапред смислено и договорено, само треба да почекам“, низ смеа одговара актерката и додава дека во новиот Бонд филм, се нуди еден поинаков начин на гледање на жените во шоу – бизнисот.

Таа изгледа природно на својот 55. роденден и се чини дека сè уште не користи услуги од пластични хирурзи.

Моника Белучи е родена на 30 септември во 1964 во градот на Кастло во Лама. Започнува да работи како модел за да ги плати студиите за факултет на универзитетот за право во Перуџа. Филмсаката кариеар ја започнува на почетокот на 90 тите години. Но нејзината популарност започнува да расте во 2000 та година кога игра во италијанскиот филм „Малена“. Во ноември 2007 постанува заштитно лице за Интимисими. Во 3 август во 1990 год. склучила брак со францускиод актер Винсент Касел.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.