За разлика од распаднатите соби од 7 метри квадратни каде што судењата ги чекаат најгоелмиот дел од притворените лица, постои и т.н. хашко одделение каде што собите се далеку попристојни.

Објавил: Весна Петровска | 5 ноември, 2019 10:00

БЕЗ ЛУЈ ВИТОН БАЊАРКИ И ПЕШКИРИ:Ова се „хашките“ќелии во Шутка каде што е притворен Боки 13

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Екипата од емисијата Детектор влезе во неколку затвори низ Македонија. Меѓу нив беше и притворското одделение во Шутка.

За разлика од распаднатите соби од 7 метри квадратни каде што судењата ги чекаат најгоелмиот дел од притворените лица, постои и т.н. хашко одделение каде што собите се далеку попристојни.

Сликата од руинираните соби ја имаме тука…

За потсетување, Бојан Јовановски беше уапсен на 15 јули годинава и оттогаш е во притвор, заедно со второосомничениот во случајот, Зоран Милевски – Кичеец.

Во изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството сведочеа бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, како и претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз, Агапи Дика, и бизнисменот Зоран Азманов.

Разрешената специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која исто така се наоѓа во притвор како третоосомничена, исказ ќе дава во вторник.

Во случајот „Рекет“ што го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милевски – Кичеец, како и поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.