Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху ќе разговара со сите муфтивства во земјава, а самиот секој петок ќе оди во џамиите и ќе ги повикува граѓаните да внимаваат со непотребното трошење струја. Ова му го вети првиот човек на ИВЗ Фетаху на министерот за економија Крешник Бектеши

Објавил: Перо Милчин | 20 септември, 2022 5:35

Бектеши бара помош од верските заедници – ИВЗ: Секој петок во џамија ќе се зборува за штедење струја

Фото/Текст извор: ©тв 21

Исламската верска заедница ќе бара од верниците да штедат струја во текот на зимата.

Поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху ќе разговара со сите муфтивства во земјава, а самиот секој петок ќе оди во џамиите и ќе ги повикува граѓаните да внимаваат со непотребното трошење струја. Ова му го вети првиот човек на ИВЗ Фетаху на министерот за економија Крешник Бектеши на заедничката средба што ја имаа на која разговараат за енергетската криза.

Веднаш ќе апелираме до сите над 700 објекти што ги имаме во РСМ, до нашите 13 муфтивства ќе апелираат до сите џамии и така натаму, навистина да бидат внимателни. На крајот на краиштата, таа грижа е и за потребите на џамијата за да не го трошат буџетот кој доаѓа од верниците, вели поглаварот на ИВЗ, Шаќир Фетаху.

Во текот на неделава се очекува Бектеши да се сретне и со претставници на МПЦ. Според него, влијанието на верските заедници врз граѓаните е големо, па затоа ги почнал овие средби со челниците на верските установи.

Во однос на штедењето струја во џамија, Фетаху рече дека во 24 часа верските објекти трошат многу малку, бидејќи тоа им е верска должност.

Фетаху меѓу другото рече дека џамиите трошат малку струја поради тоа што сметките ги плаќаат самите верници, а пак, џамиите се финансираат од буџетот на граѓаните

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести