Вчера српскиот претседател информира ќе ѝ испорача на Македонија количество на пченка и пченица на наше барање.

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 март, 2022 6:14

Бектеши: Владата не барала жито од Србија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Владата не барала жито од Србија, потврди и министерот за економија, Крешник Бектеши.

Според него, согласно проценката, само владата директно може да бара или Агенцијата за стоковни резерви, ако се работи за пченка и пченица како што изјави српскиот претседател Александар Вучиќ.

Исто така надлежно е и Министерството за земјоделство, но ние немавме барање. Овие институции не доставиле барања до нашиот сосед. Ако имаат добра волја и дополнително количини кои не се потребни согласно нивната добра волја, можат да го кажат датумот на транспорт и испораки за да се подготвиме при донацијата за складирање. Да повторам ние имаме доволно колични во нашите резерви до наредната реколта, изјави Бектеши.

Вчера српскиот претседател информира ќе ѝ испорача на Македонија количество на пченка и пченица на наше барање.

-На Македонија и одобривме колку што ни побараа за да купат пченица и пченка. Предвидени се 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка. Секогаш ќе имаме за регионот и за нивните потреби. И за БиХ и за Црна Гора и за Македонија, рече Вучиќ на прес-конференција.

И покрај фактот дека речи си и да нема намирница во продавниците која не е поскапена, надлежните велат дека граѓаните не треба да стравуваат бидејќи според нив, ценовни шокови нема да има. Велат, државата е подготвена да ги заштити граѓаните а пченица и брашно има доволно во државните резерви. Според Министерот Бектеши рафтовите во продавниците за време на викендот останале празни бидејќи некои од трговците сами ги повлекле залихите за од почетокот на неделава да ги вратат назад со нови цени.

Тој вели дека лебот не е поскапен а зеленчукот и овошјето имаат пониска цена. Го предупреди медиумите да внимаваат на информациите бидејќи сега не е време за шпекулации и манипулации.
Но храната не е единствениот проблем за стандардот на граѓаните.

Само од почетокот на годинава еден литар бензин е поскап за над 10 денари, што значи, за еден резервоар од 50 литри денеска ви требаат 500 денари повеќе во однос на крајот на минатата година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.