Тој појасни дека мерките донесени од Владата не се за целосно затворање на угостителски објекти туку само за тие кои работат внатре!

Објавил: Владо Марин | 9 август, 2021 15:48

Бектеши: Од понеделник нема прослави на затворено

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за економија Крешник Бектеши ги повика граѓаните, особено угостителските објекти, да ги почитуваат мерките за заштита и протоколите, оти само на тој начин ќе се спречи ширењето на коронавирусот.

Ако сме доведени во ситуација да воведеме целосен „локдаун“ на одреден сектор, ние, како и претходно, ќе донесеме економски мерки за целосно затворање на одредени сектори – рече Бектеши!

Тој појасни дека мерките донесени од Владата не се за целосно затворање на угостителски објекти туку само за тие кои работат внатре.

Тие нема да смеат да работат. За оние кои работат на отворено, со капацитет над 30 гости, секој кој ќе сака да влезе треба на редарските служби да им покаже сертификат дека е вакциниран. Објектите кои се со капацитет под 30 гости, не се обврзани да имаат редарски служби – Бектеши.

Тој потенцира дека Државниот пазарен инспекторат ќе врши контроли на сите угостителски објекти дали мерката се почитува или не.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.