Министерот побара и побрзо да се донесат законите за реализација на мерките од Петтиот сет.

Објавил: Перо Милчин | 6 март, 2021 18:23

Бектеши: Опозоцијата да не ги блокира мерките кои се во интерес на компаниите и граѓаните

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерот за економија Крешник Бектеши вчера ја повика опозицијата да не ги кочи законите во Собранието кои значат поддршка за компаниите и за граѓаните. Побара од пратениците што поскоро да го усвојат  Законот за задолжување во Светска банка за реализација на проекти за енергетска ефикасност, кој што неколку месеци е блокиран од страна на опозицијата во Собранието.

„Сакам да ги повикам сите пратеници да го усвојат заемот од Светска банка кој што е пратен до Собранието каде што ќе овозможи да се имплементираат проекти од страна на здравствените установи кои се многу важни од страна на општините, но истовремено таму е предвидена и техничка помош за одредени институции во државата.

Законот е речиси блокиран од страна на опозицијата, поточно од ВМРО ДПМНЕ неколку месеци“ кажа министерот Бектеши денеска на прес -конференција на потпишување на договор за проект за улично осветлување во Крива Паланка.

Министерот побара и побрзо да се донесат законите за реализација на мерките од Петтиот сет.

Што се однесува до законите кои произлегуваат од Петтиот сет мерки јас сум убеден дека ќе бидат поддржани од страна на сите пратеници бидејќи тие се насочени и кон компаниите и кон зачувување на работните места во приватниот сектор и има мерки кои директно влијаат врз загрозените граѓани во нашата држава“ кажа министерот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Треба да се нагласи дека во сите споменати земји минималната законска граница за пензионирање обично е повисока од 65 години и е во процес на зголемување.
Во Германија – првиот сосед на Франција – се погласни се барањата за работа до 70 години.

Возраста за пензионирање во Германија постепено се зголемува – од 65 на 67 години, што треба да се случи до 2031 година.

Колкави се пензиите во Европската унија, а колкави во регионот?

Франција е земја со втора најголема јавна потрошувачка за пензии во ЕУ, зад Грција...

Станува збор за прецизирање на одлуката за повластена стапна што Владата ја донесе на 28 септември, но минатата недела се создаде конфузија откако дел од производите што беа опфатени со оваа мерка се најдоа и на листата од околу 1 000 продукти за кои ДДВ-то се зголеми од пет на 10 проценти како „луксузни производи“.

Основните прехранбени производи остануваат со повластен ДДВ од пет отсто

Основните прехранбени производи остануваат со повластена стапна на данок на додадена...