Се работи за пат долг шест километри со вредност на инвестицијата од 47 милиони денари.

Објавил: Владо Марин | 26 август, 2021 6:49

Бектеши: Со реализација на инфраструктурни проекти во сите општини ќе го подобриме животот на граѓаните

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Се работи за пат долг шест километри со вредност на инвестицијата од 47 милиони денари.

Министерот Бектеши истакна дека со реализација на овие проекти во сите општини Владата има за цел да го подобри квалитетот на животот на граѓаните.

За сите проекти кои покажаа економска оправданост предвидовме средства. Во соработка со компанијата ТАВ беа избрани проекти кои што се јавен интерес, како што се локални патишта, водовод и канализација, училишта, градинки и други проекти. Нашата главна цел е со реализација на вакви проекти да го подобриме животот на граѓаните во сите општини низ државата. Тука во општина Сарај директно од програмата на ТАВ ќе се реализираат два проекти, а дополнително ќе се реализира и проект за изградба на спортска сала. Со ова покажуваме дека локалната власт заедно со централната власт може да реализира проекти во краток рок“ кажа министерот Бектеши.

Градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, се заблагодари на Владата за прифаќањето на овој проект како еден од приоритетните во ТАВ програмата.

Ние како општина аплициравме за овој проект и ни беа одобрени средства за реконструкција на патот од село Буковиќ до село Раовиќ кој е во должина од шест километри. Вредноста е 47 милиони денари и ќе се прошири на одредени места и ќе има браници поради положбата на населеното место и за посигурно движење на граѓаните во овој предел. Ова е многу значаен проект за нашата општина, мило ми е што и Владата имаше разбирање по нашето барање и со ова докажуваме дека и во малите населени места се инвестира и се грижиме за граѓаните без разлика на тоа колку луѓе живеат на одредено место“ кажа градиначалникот Беџети.

Беким Реџепи, заменик министер за транспорт и врски истакна дека овој пат ќе биде по сите стандарди и квалитет. “Изградбата на квалитетна патна инфраструктура за Министерството за  транспорт и врски е приоритет над приоритетите и за жителите во овој регион ќе биде од голема важност и ќе влијае во подобрување на квалитетот на нивниот живот“ кажа заменик-министерот Реџепи.

Преку ТАВ Програмата беа доделени вкупно 94 договори, во вкупна вредност од 49,7 милиони евра, за реализација на инфраструктурни проекти во речиси сите општини во земјата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...