Аферата Дитру е најголемиот педофилски скандал во Белгија и јавноста смета дека Марк не смее да излезе од затвор

Објавил: Мартин Попоски | 22 август, 2018 14:33

Белгиски педофил осуден за силување и убиство на 11 девојчиња бара условна казна

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Марк Дитру еден од најозлогласените педофили во Белгија уапсен и осуден на доживотна казна за силување и убиство на најмалку единаесет девојчиња во деведесеттите години сега бара да биде условно ослободен и во тој контекст се подготвува да испрати писмо до семејствата на жртвите соопшти неговиот адвокат.

“Станува збор за писмо на помирување и отворање”. – изјави адвокатот. “Марк Дитру ја признава својата одговорност во смртта на четирите деца иако тој не ги уби директно правиме чекор кон жртвите можеби тие ќе сакаат објаснувања па се се разгледува”.

Писмото е подготвено и следната недела ќе им биде испратено на родителите на шест девојчиња од кои две беа убиени. 

Според белгискиот закон за условно ослободување затвореникот треба да исполни четири услови: дека бил доволно казнет – дека го сменил однесувањето – дека не претставува повеќе опасност за општеството и дека е способен повторно да се интегрира во општеството.

Првото барање за условно ослободување му беше одбиено на Дитру во 2012-та година. Законски тој има право да бара ваква процедура од 2013-та година.

Аферата Дитру е еден од најголемите педофилски скандали во Белгија. Во дворот на Дитру и неговата тогашна сопруга Мишел Мартин се пронајдени четири тела на девојчиња: деветгодишните Жили и Мелиса силувани од Дитру а потоа изгладнети до смрт од неговата сопруга додека тој бил отсутен. Двете други девојчиња пронајдени закопани во неговиот двор се седумнаесетгодишната Ан и деветнаесетгодишната Ефје киднапирени – силувани и убиени. Две од неговите жртви Сабин и Летициа беа пронајдени живи по повеќе недели тортура и силувања во подрумот на педофилот.

Неизвесно е дали барањето на Дитру има шанси да биде прифатено. Повеќето од семејствата на жртвите повеќе пати во јавноста порачаа дека се спротиставуваат на било каков вид ослободување а на ист став е најголемиот дел од јавноста во Белгија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.