Во Европа не се влегува со членство, односот кон општественото добро не секогаш чини многу пари, а доказ за тоа е одлуката на Град Белград за почиста околина

Објавил: Мартин Попоски | 26 септември, 2018 14:31

Белград забранува пластични кеси од 2020 година

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Употребата на пластични кеси ќе биде забранета во Белград од 1 јануари 2020 година, одлучија одборниците во Собранието на градот.

Заменик градоначалникот Горан Весиќ рече дека причината за донесувањето на таа одлука е Законот за управување со отпад, што го усвои Владата на Србија.

Сакаме да го регулираме начинот на кој малопродажните продавници ќе користат пластични кеси. Оваа одлука стапува на сила на 1 јануари 2020 година, што значи дека ќе дадеме рок од повеќе од 15 месеци за малопродажните синџири да го решат овој проблем. – рече Весиќ.

Според таа одлука, трговците се должни да ги отстранат од употребата пластичните кеси на продажно место, во сите малопродажни објекти поради нивната штетност за животната средина. Во исто време, од трговците се бара да обезбедат алтернативни решенија за пластичните кеси.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.