Амбасадата на САД во Белград истакна дека ако не се реши проблемот со Косово ќе има посредници во процесот

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 август, 2018 9:11

“Белград и Приштина да си го решат проблемот ако не сакаат да се вмеша трета страна”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Американската Амбасада во Белград нагласува дека е време учесниците во преговорите за конечниот статус на Косово да бидат креативни и флексибилни.

Според нив Белград и Приштина мора да предложат решение кое нема да дојде од страна.

САД се подготвени да се вклучат во преговорите за да се изнајде заеднички договор наведуваат од Амбасадата за српски медиуми.

Од американската Амбасада за весникот “Блиц” нагласуваат дека нормализацијата на односите ќе отвори јасна перспектива за двете земји за евентуално членство во ЕУ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.