Затоа јас ќе очекувам многу од оние кои во иднина би ги гласал. Корона ќе ни ги отвори на сите очите, и на политичарите ќе им требаат многу аргументи да го убедат гласачот.

Објавил: Перо Милчин | 19 март, 2020 18:33

БЕЛЕСКИ: После вирусот КОРОНА, на политичарите ќе им треба многу аргументи да ги убедат гласачите за подобра иднина

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

После завршувањето на пандемијата Covid 19 очекувањата од политичарите нема да бидат исти како и пред почетокот на истата. Имено сега ни е повеќе од јасно што значи да си пратеник и политичар и зошто многумина сакаат да бидат тоа. Тоа значи дека и да грми и да вее, имаш загарантирана плата, пишува на социјалните мрежи Васко Белески.

Белески на својот фејбук профил вели дека вирусот корона, кој силно зеде замав во Македонија и светот, ќе ни ги отвори очите на сите граѓани во земјава, а на политичарите на претстојните парламентарни избори ќе им требаат многу аргументи да го убедат гласачот.

Тој вели дека после завршувањето на пандемијата Covid 19 очекувањата од политичарите нема да бидат исти како и пред почетокот на истата, бидејќи народот ќе размисли точно за кого ќе го даде својот глас.

Тој како и сите други граѓани ќе очекува многу од оние кои во иднина би ги гласал.

Фејсбук статус на Васко Белески

Јас ќе го дадам својот глас на оној кој што ќе се залага за :

– Нови и модерни болници

– гарантирање на плата за обичен лекар од 1000 евра специјалисти од најмалку 1500 евра

– Нов закон за полицијата и плата од 1000 евра, но затоа да се спроведе ветинг и да се укине рамковен принцип кој е најголема кочница и дупка во институцијата

– Укинување на законот за извршители и формирање на државна агенција за наплата со вентрален регистар на должници секој ќе може да го провери секого дали е внесен во тој регистар и до тоа ќе се гарантира ликвиндоста

– Ресетирање на судството со цел правда за сите

– На Тендер да не смеат да аплицираат фирми кои се помлади од една година

– Нов закон за работни односи каде што вкупните социјални давачки кон државата ќе се сведат на 20% од кои 1/2 ги плаќа работникот а 1/2 работодавецот.

Договорот на дело ќе биде ограничен на максимум 9 месеци , после тоа работодавецот ќе мора да го вработи фиксно, трудници не смеат да се отпуштаат најкасно до 6 месеци после породувањето. Со новиот закон ќе добијат сите и Работодавецот и Работникот со што автоматски ќе биде пријавен секој работник. Досега многу не беа пријавени токму поради големите давачки од страна на Компанијата спрема државата. Принципот на пола пола и само 20% давачки ќе направи бум во економијата укинување на 50% од факултетите кои штампаат дипломи но затоа јакнење на државните

– Македонскиот како единствен службен јазик, а да се направат формулари и на Српски, Турски, Албански Ромски и Бошњачки во институции како рамноправни малцинства

– Да се воведе 12 месеци задолжителна воена обука

– Да се воведе маркица за ѓубре со што оние кои имаат станови нема да мора плаќаат ѓубретарина иако не живеат во станот. Принципот ќе биде фрлаш и ставаш налепница ( виниета) со што повеќе нема некој да фрла 10 вреќи и да плати како да фрлил 1 , тоа мора веднаш да престане

– Порезот на недвижнини да се зголеми за 10% со што ќе се оправдаат укинатите давачки за ѓубретарина

– Да се формира државна Агенција за земјоделие кое ќе биде задолжено за едукација и помош на земјоделците а воедно и таа ќе контролира кој колку субвенции треба да добие со што ќесе укине злоупотребата која досега се практикуваше. Агенцијата ќе биде како еден покрив за земјоделците која ќе го гарантира откупот со што ќе се даде значење и почит ма оваа најважна стопанска гранка и секако ќе го уредува автоматски работниот стаж

– Да се активираат младинските акции со концепт на работилници за едукации а кои ќе бидат со покровителство на претседателот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...