Директорот на скопскиот џез фестивал повторно со критики за власта

Објавил: Узунов Бобан | 13 март, 2019 7:16

Белопета: Министерството за култура функционира како да е во Бурунди

Фото/Текст извор: ©faktor.mk/магазин

Директорот на Скопскиот Џез фестивал и еден од најпознатите културни работници во државава Оливер Белопета во интервју за порталот faktor.mk, жестоко го нападна непрофесионалното работење на Министерството за култура. 

На 9 февруари оваа година преку фејсбук статус кој се однесуваше на првиот конкурс на Министерството за култура Оливер Белопета го обвини Зоран Заев дека лажел во врска со неговата изјава за доделените средства во културата

На прашањето на порталот дали во повторената постапка ги поднеле потребните документи и дали се задоволни од одлуката за доделените средтства, Белопета одговора: 

Ова е период кога би сакале повеќе да разговараме за програми, но ете во 21 век Министерството за култура функционира како да се наоѓа во Бурунди и практично корисниците дури денеска нешто дознаа со кои средства може да располагаат. Инаку, на првата објава која беше на 8 февруари Џез фестивалот и Оф фест беа изоставени со образложение дека не сме поднеле документи, згора на се имаше груби зборови од министерот дека не сме сакале да поднесеме, дека сме настапувале од позиција на сила, а таква моќ во државата освен политичарите не знам дали ние обичните смртници ја имаме. Од фестивалот реагиравме дека се работи за комплетни невистини, тоа и се докажа бидејќи во меѓувреме во министерството се направи увид и се утврди дека сите документи постојат, најверојатно некој намерно ги криел што е можно кривично дело кај некој член од комисијата. Немаше потреба да доставуваме дополнителни документи. 

Тој одговори дека со одлуката преполовени се средствата за оваа година и со таа  сума не може да се сочува високото меѓународно ниво на манифестациите кои може да се претворат само во локални фестивали.

Со овие средства апсолутно немаме волја фестивалот да го уништиме, односно може да се одржат еден или два проштални концерти, и не сакаме ние покрај министерството да учествуваме во рушење на меѓународното ниво на фестивалот. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести