„Скопскиот џез фестивал“ и „Офф фест“ не се согласија со доделените сретства и по ревидирањето на годишната програма на Министерството за култура

Објавил: Стефан Каневче | 20 март, 2019 12:43

Белопета: Наместо да испраќаме соопштенија за програма и организација, подготвуваме жалби!

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Скопскиот џез фестивал објави статус кој го пренесуваме во целост:

Во ревидираната годишна програма на Министерството за култура, објавена пред 3 дена, средствата определени за манифестациите „ОФФ-Фест“ и „Скопски џез фестивал“ се речиси преполовени во однос на оние со кои Министерството партиципираше долга низа години, вклучувајќи ја и минатата. Тие практично не обезбедуваат можност за сочувување на квалитетот и исклучително високото меѓународно ниво на двата фестивала туку само преживување со локална и регионална програма, што ние, имајќи ја на ум долгата традиција, нема да го прифатиме. Со оглед дека евидентиравме бројни грешки (некои и многу груби), во вреднувањето на нашите апликации преку бодирањето извршено од „стручната комисија“, ќе ја искористиме можноста за жалба. Едновремено, потсетуваме дека во првата објава на резултатите од Годишната програма обете апликации ни беа одбиени сo образложение дека недостасува потребната документација, на што ние реагиравме, а увидот на правната служба на Министерството го потврди нашето тврдење дека пријавите за двете манифестации што ги организираме се комплетни! За жал, целата оваа рашомонијада се случува во период во кој ние, во нормални околности, треба да се бавиме со други организациони активности (практично оневозможени) и да испраќаме поинакви соопштенија – најнапред за целосната програма на претстојниот „ОФФ-Фест“, а потоа и за џез-фестивалот, нешто што сите наши колеги од големите европски фестивали веќе го имаат сторено.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Манифестации

Во рамките на културно-уметничката е вклучен и аудиовизуелниот перформанс реализиран врз зградата на Парламентот, со наслов „Минато, сегашност, иднина“ на Емил Петров, Петар Џон и Глигор Постоловски.

Моќта на нашата држава е во нашата разноликост и капацитет да се обединиме како едно

Со премиерната изведба на симфонијата „Убави денови” од Живоин Глишиќ, специјално...

Во рамките на културно-уметничката програма потоа следува аудиовизуелниот перформанс реализиран врз зградата на Парламентот, со наслов „Минато, сегашност, иднина“ на Емил Петров, Петар Џон и Глигор Постоловски.

Дефиле на македонскиот општествен мозаик, премиерна симфонија, визуелни и музички перформанси се дел од програмата пред Собранието за 30 години независност

Свечената програма по повод 30-годишнината од независноста денеска ќе започне пред...

Фестивалот CINEDAYS не само што успешно ја пребродува короната, туку тоа го прави и на најдобриот можен начин, реоткривајќи ги културните простори во Скопје.

ШИЛЕГОВ ГО ПОВИКА ПЕНДАРОВСКИ ЗАЕДНО ДА ГО УРЕДАТ ЦЕЛИОТ ПОКРИВ НА ГТЦ

На затворањето на меѓународниот фестивал на европски филм – CINEDAYS што вчеравечер се...

Бела ноќ, во организација на Универзалната сала, со поддршка на Град Скопје, на граѓаните со својот урбан концепт ќе им ја доближи уметноста, додавајќи и нова, културна димензија.

ВО САБОТА БЕЛА НОЌ НА 10 ЛОКАЦИИ ВО СКОПЈЕ

Скопје и скопјани по 16-ти пат, в сабота на 26. септември, ќе можат да бидат дел од Бела...