Поскапуваат горивата

Објавил: admin@magazin | 1 ноември, 2021 12:57

Бензините поскапи, дизелот поевтин за половина денар

Фото/Текст извор: ©магазин

Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар, а за толку поевтинуваат ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи на денешната седница Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 77 денари, литар ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава по 79 денари. За литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе се плаќа по 68 денари, како и 67,5 денари за литар Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)

Се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, за 0,242 денар/килограм, и ќе изнесува 42,135 денари за колиграм.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување кај бензинот за 1,292 проценти , кај дизелот има намалување за 0,461 проценти , кај екстра лесното масло намалувањето е за 0,817 проценти и кај мазутот намалувањето е за 0,838 проценти. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,103 проценти, информира РКЕ во одлуката за промена на цените на горивата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести