– На Еди Рама и неговите гангстери на власт, на оние што ја изградија првата нарко држава во Европа им ја треснаа вратата пред лице. Зошто на Еди Рама?

Објавил: admin@magazin | 23 октомври, 2019 22:52

БЕРИША: На Еди Рама и неговите гангстери на власт, на тие што ја изградија првата наркодржава во Европа им ја треснаа вратата пред лице

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот албански претседател, Сали Бериша најави дека „опозицијата ќе се крене посилно отколку пред изборите“. Тој вели дека на Еди Рама и неговите гангстери на власт, на оние што ја изградија првата нарко држава во Европа им ја треснаа вратата пред лице.

– Опозицијата ќе се крене посилно отколку пред изборите. Тоа е една неисполнета мисија, чија реализација е од суштинско значење. Сега на секој Албанец треба да му е апсолутно јасно дека со Еди Рама има само пропаст, заминување од Албанија и измама, изјави Бериша гостувајќи во емисијата „Темпора“ на тиранската телевизија Ора њуз.

Според добро познатиот американски магазин Форбс Албанија беше речиси единствената земја во Европа која имаше економски раст и како архитект се смета Бериша на економскиот успех на Албанија.

Бериша ја искоментира одлуката на Советот на Европската унија да не и даде датум на Албанија за почеток на преговори, рече дека „ЕУ ја треснала вратата пред премиерот Еди Рама и неговата власт“.

– На Еди Рама и неговите гангстери на власт, на оние што ја изградија првата наркодржава во Европа им ја треснаа вратата пред лице. Зошто на Еди Рама? Европа има сигурна меморија во која не треба да се сомневаме. На Европа и е јасно дека Рама дојде на власт откако ја блокираше својата земја. Застана за советниците во Фиер, за трите закони за кои се преговараше и беа договорени, бидејќи директорот за проширување, Италијанецот Санино, поранешен советник на Романо Проди, дојде кај мене и јас без никакви проблеми го убедив да направат отстапки, доволно да поддржат демократски стандарди. И Рама го прифати секој збор од тие закони, но не ги гласаше затоа што заговараше со личност која уште тогаш ја нарекував потенцијално руски агент, Штефан Филе, обвини Бериша.

На 3 јули 2005 година, коалицијата од пет централно-десничарски партии предводена од Сали Бериша победува и обезбедува мнозинство од 74 пратеници од вкупно 140 колку ги има во Парламентот а на 8 септември 2005 година со мнозинство од 81 гласови од пратениците е избран за премиер Албанија. На 4 април 2009 година, Албанија стана член на НАТО. Ова беше постигнато благодарение на реформите спроведени од страна на владата на г-дин Бериша. Според добро познатиот американски магазин Форбс Албанија беше речиси единствената земја во Европа која имаше економски раст и како архитект се смета Бериша на економскиот успех на Албанија.

На 28 јуни 2009 се одржаа следните парламентарни избори, каде што владејачката коалиција предводена од Демократската партија освои 70 места од вкупно 140 во Парламентот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.