Претседателот на Косово Хашим Тачи со остра реторика против Бериша

Објавил: Мирко Бачиќ | 5 август, 2018 13:40

Бериша против идејата на Тачи – или како се долева масло на огнот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Поранешниот албански претседател и премиер и поранешен претседател на Демократската партија Сали Бериша е против идејата за менување на границите и размена на територии меѓу Косово и Србија.

Тој вели дека не треба Прешевската Долина да се користи за “трговија меѓу двете земји” а уште помалку да се чепкаат границите на Косово меѓународно признати од 115 држави.

Реакцијата на Бериша следи по најавата на косовскиот претседател Хашим Тачи дека ќе има корекција на границите и припојување на Прешевската Долина со Косово. Бериша кој се изјаснува дека е против ваквата идеја прашува што Србија добива за возврат.

На ова му возврати косовскиот претседател Хашим Тачи кој му порача на Бериша дека на Косово не му се потребни совети од некој кој му помагал на Слободан Милошевиќ со продавање нафта во периодот кога тогашна Југославија беше под меѓународни сакнции.

Тачи оди уште понатаму и вели дека совети не му се потребни од некој кој го засолнил Осама Бин Ладен и Аркан а го уапсил Адем Јашари и други команданти на ОВК.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.