Вработениот во службата за медиуми и информации на германската влада е осомничен дека неколку години работел во египетската разузнавачка служба.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 јули, 2020 16:59

БЕРЛИН НА НОЗЕ: Во кабинетот на Меркел откриен шпион! Агентот неколку години работел за оваа странска земја!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Tanjug

Во кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел, откриено е лице кое со години шпионирало за египетската разузнавачка служба.

Соработник на главниот портпарол на германската влада, Стивен Киберт, бил разоткриен дека работи и како египетски агент.

Вработениот во службата за медиуми и информации на германската влада е осомничен дека неколку години работел во египетската разузнавачка служба.

Федералната криминална служба презеде „извршни мерки“ против тоа лице во декември минатата година, по налог на федералното обвинителство, се наведува во извештајот за безбедност, кој беше претставен во Берлин. Истрагата против тоа лице сè уште трае.

Обвинителството потврди за германскиот „Билд“ дека е покрената истрага против тоа лице поради сомневање за разузнавачки активности. Според „Билд“, тој е државен службеник на средно ниво во владата.

Федералната служба за печат не сакаше да го коментира случајот, потенцирајќи дека тие не се мешаат во тековните истраги.

Во фокусот на активностите на египетската разузнавачка служба во Германија е да се соберат информации за египетската опозиционери што живеат во таа земја, наведува во својот годишен извештај Службата за заштита на уставноста. Во исто време, додаваат дека фокусот на египетските колеги првенствено е на членовите на „Исламското братство“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.