Правен преседан е и случајот за Движењето Беса

Објавил: admin@magazin | 29 јуни, 2018 18:28

Беса: Власта ја зема правдата во свои раце за да ја потисне опозицијата

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Се додека имаме власт која ја зема правдата во свои раце со цел потиснување на албанската опизиција далеку сме од членство во Европската Унија, обвини Кастриот Реџепи од Движењето Беса на чело со Африм Гаши. Тој апелираше до власта да се откаже од, како што рече, политичките влијанија и да се ангажира за вистинско реформирање на судскиот систем.

„Примери за судската неефикасност и за судство контролирано од власта се случајот ‘Алфа’ каде невини лица се во затвор иако има доказ дека не се сторители, потоа случајот за Алмир каде противправно се преквалификуваше делото. Исто така, пример за неефикасност на судството има и во случајот со нападот врз пратениците од 27 април минатата година каде обвинението за едно лице за напад врз пратеник од обид за убиство е сменето во учество во толпа“, рече Реџепи.

Според него, правен преседан е и случајот за Движењето Беса, кој, според него, власта намерно го одолговлекува.

„Со приклучување на едната Беса во власт, нè ставија во судски лавиринти и власта намерно го одолговлекува процесот за нас како опозиција да ни се наштети сакајќи целосно нашата енергија да ја пренасочиме кон правната битка“, рече Реџепи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика