Максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.

Објавил: admin@magazin | 3 октомври, 2019 17:42

БЕСНЕЕ НЕВРЕМЕ НИЗ МАКЕДОНИЈА: Циклонот КАРМЕН ја зафати нашата територија!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Циклонот КАРМЕН полека ја зафаќа нашата територија па така во текот на денешниот ден најпрво ќе има локални врнежи од дожд проследени со локална појава на грмежи.

Проширување на врнежите речиси насекаде и нивно интензивирање ќе има денес попладне и навечер како и во текот на ноќта кон утрешниот ден кога локално ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а не се исклучува можноста и за појава на сосема редок град.

Максималните дневни температури денес ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.

Ќе започне да дува јужен ветер кој повремено на некои места ќе засилува на интензитет додека доцна попладне и навечер ветерот ќе го промени правецот од јужен во северен со што најпрвин од северните предели ќе започне заладувањето а врнежите ќе проболжат и утре кога заладувањето ќе се прошири насекаде.
Утре максимумот на температурите на воздухот ќе се искачува во интервалот од 10 до 19 степени. Мали се условите за сосема слабо провејување на снег на највисоките планински врвови во државава.

Според најновите метео анализи направени со помош на најпрецизните прогностички модели во текот на следниот период се очекуваат почести врнежи од дожд.

Подготви: СЛАВЧО ПОПОСКИ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...