Новите пресметки покажуваат дека таквите измени ќе го чинат градот 15 милиони евра годишно.

Објавил: Рејхан Бајрами | 4 февруари, 2019 10:58

Бесплатен јавен превоз во Париз за деца до 11 години

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Париз е подготвен да обезбеди бесплатен јавен превоз за сите деца на возраст под 11 години.

Од септември оваа година треба да се случат големи промени во јавниот градски сообраќај пишува весникот „Ле Парисиен“. Тоа значи дека за децата под 11 години превозот ќе биде бесплатен,  а исто така тоа ќе ги вклучи и децата кои не се државјани на Франција.

Лицата со инвалидитет кои се од 20 години ја имаат истата привилегија, а децата што посетуваат гимназија на возраст меѓу 14 и 18 години ќе имаат 50 отсто попуст на јавниот градски превоз, но исто така и бесплатен налог за велосипедскиот систем Велиб.

На овој начин Франција се обидува исто така да ја зачува и животната средина. Париз ваквите измени во јавниот превоз ќе го чинат 15 милиони евра годишно.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.