Излегува шокантен исказ во кој се спомнати политичари во корелација со „Рекет“. ОЈО на Јовески и ВиРус не ги вика политичарите на распит, туку му стега кривична на новинар за оддавање државна тајна – иако новинарот нема сертификат за државна тајна, па да ја оддаде, туку „тајната ја оддал“ некој друг, а новинарот објавува документ кој доаѓа до него.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 септември, 2019 19:44

Бетмен Велит:”Не е проблем криминалот, туку новинарите кои го откриле а очигледно не требало”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Богдан Илиевски по целата ситуација со политичкиот прогон на новинарите и медиумите реши да даде свое мислење на социјалните мрежи. На својот Фејсбук профил тој напиша дека на „чуварите на правдата“ не им е проблем криминалот, туку тој кој придонесува да се открие нешто што „можеби органите не се потрудиле баш баш да го откријат“.

Богдан Илиевски уште е познат како Бетмен Велит беше амнестиран од кривично гонење во случајот 27 април..

Излегува шокантен исказ во кој се спомнати политичари во корелација со „Рекет“. ОЈО на Јовески и ВиРус не ги вика политичарите на распит, туку му стега кривична на новинар за оддавање државна тајна – иако новинарот нема сертификат за државна тајна, па да ја оддаде, туку „тајната ја оддал“ некој друг, а новинарот објавува документ кој доаѓа до него.

Излегува документ за случајот „Леонардо“ и индиции за можна вмешаност на генсекот на владата. ОЈО на Јовески и ВиРус не го вика Рашковски на распит туку полиција упаѓа во порталот кој ја објавил информацијата за да се распрашува како ја дознал – а претходно вика на распит други новинари кои исто така работеле на сторијата.

Фактички, на „чуварите на правдата“ не им е проблем криминалот, туку тој кој придонесува да се открие нешто што „можеби органите не се потрудиле баш баш да го откријат“.

Со еден збор: Блескаме. Орвел би бил згрозено горд на вас.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести