Против нив се водеше судски процес за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Објавил: admin@magazin | 15 март, 2019 1:10

Бетмен со порака на фејсбук : „Браќа до крај – Браќа за цел живот„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Богдан Илиевски кој беше еден од организаторите на Иницијативата „За заедничка Македонија“ заедно со Владо Јовановски, Борис Дамовски и Игор Дурловски на својата Фејсбук страница сподели фотографија, на која ги нарекува своите пријатели „Браќа за цел живот„

Богдан Илиевски еден од организаторите на „Граѓанска Македонија„ на социјалните мрежи сподели фотографија од своите пријатели, Дамовски, Дурловски и Јованоски, нарекувајќи ги браќа за цел живот.

Тие беа водачите на протестите „За заедничка Македонија“ кои на 27 април или крвавиот четврток, ја повикаа толпата за упад во Собранието.

Во случајот под името „27 април“ вкупно за терористичко загрозување се товареа 33 лица, од кои беа амнестирани се 13 лица. Беа амнестирани пратениците на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски, како и социјалистот Љупчо Димовски.

Богдан Илиевски беше во последните тројца за кои обвинителството се изјасни позитивно во однос на амнестијата за случувањата на 27 април.
Со оваа одлука која ја донесе Кривичниот суд , амнестираниот Илиевски е слободен граѓанин без да има обврска да се јавува во суд.

Владо Јовановски и Борис Дамовски беа обвинети за настаните на 27 април, а потоа судот ги амнестираше после добиено позитивно мислење за да бидат помилувани за настаните. Додека пак Игор Дурловски не поднесе барање за амнестија во дадениот рок од судот.

Од обвинетите за крвавиот четврток на 27 април, покрај Дурловски, барање за амнестија не поднесоа Јане Ченто, Игор Југ, Митко Чавков и Душко Лазаров. Против сите нив се водеше судски процес за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...