Турунџиева во изјавата за Вистина.мк изјавила дека сигурна е во тоа дека не се работи за одмазда.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 јануари, 2020 13:13

Беше страшно да се гледа- Турунџиева се огласи по палењето на автомобилот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

откако попладнево беше објавена веста дека бил опожарен автомобилот на познатата пејачка, водителка и писателка Сузана Турунџиева, таа ја даде првата изјава за порталот Вистина.мк.

-Пожарот беше страотен и прва го забележа мојата ќеркичка. Беше шокантно да се гледа од прозорец како ти гори возилото под твојот балкон. Направена е голема материјална штета, зашто мојот автомобил изгоре целоснo, додека возилото на Ребека кое беше паркирано до моето е зафатено од пожарот само во пределот на задната врата, раскажува со растреперен глас Турунџиева, потресена од немилиот настан во изјава за порталот Вистина.мк.

Направена е голема материјална штета, зашто мојот автомобил изгоре целоснo, додека возилото на Ребека кое беше паркирано до моето е зафатено од пожарот само во пределот на задната врата, вели Турунџиева за Вистина.мк

Турунџиева во изјавата за Вистина.мк изјавила дека сигурна е во тоа дека не се работи за одмазда.

-Мислам дека не се работи за никаква одмазда или предупредување од некого, туку за чиста коинциденција на група пиромани кои палат низ центарот на Скопје, фрлајќи молотови коктели. Полицијата беше сношти во потрага по нив и веќе им е во траг. За жал и јас и Ребека, ја имавме таа несреќа нашите автомобили да бидат случајна мета на пироманите, го завршува исказот за својата траума во кусиот телефонски разговор Турунџиева.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.