Се очекува портпаролката на Европската Комисија, Коцијанчич, да појасни, дали Џес Бејли, прв го прекрши нејзиниот повик за немешање во внатрешните работи на Македонија

Објавил: Мирко Бачиќ | 11 септември, 2018 16:34

Бејли “чадорот” со говор во МАНУ не е мешање во внатрешните работи?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Македонските граѓани да ја зграпчат шансата и да гласаат на референдумот, порача амбасадорот Бејли, познат и како “чадорот”.

Со поддршката за Договорот обезбедуваат место на масата на НАТО и просперитетна демократија, порача американскиот амбасадор Џес Бејли на научната дебата во МАНУ на тема „Спогодбата од Преспа: Меѓународно значење и импликации врз евроатлантските интеграции на Република Македонија“.

Тој нагласи дека Договорот од Преспа е резултат на тежок компромис. Но, со визија и прагматизамстраните дошле до компромис кој се надоврзува на стартешките цели – стабилност и проесперитет во земјите и во регионот и вредносите на НАТО и ЕУ.

Не постои совршен договор и се согласувам со вашиот министер за надворешни работи, нема подобар договор што може да се заклучи по 27 години преговарање. Тоа е договор кој што го признава и поддржува македонскиот идентитет, јазик и исто така бара да се спроведе името на државата и нејзините институции.

Некои аспекти ќе бидат потешки за имплементација од другите, и знам дека некои луѓе од земјата се загрижени за тоа. Но треба да се запомни дека исто така ќе се случи и тоа во неколкуте наредни години, ќе бидете 30-та членка на НАТО, ќе имате свое место на масата, рече Бејли.

Тој нагласи дека регионот имал тешка историја, но географијата не е промената ниту соседите не се променија, сите се тука.

Она што се менува со членството во НАТО е дека вие повеќе не сте само соседи кои се обидуваат да се согласуваат, туку сте сојузници и како сојузници имате дадено заложба дека ќе го чувате и територијалниот интергритет и независниоста на вашите сојузници, а тоа е огромна промена во овој дел од светот. Затоа е битно да го зграбите моментот и да сфатите со што се соочувате, што значи тоа суверена независна и безбедна држава, а тоа е она на што се надеваат вашите граѓани изминатите сто години.

И конечно ова е спогодба за која граѓаните на оваа земја ќе го дадат својот глас на 30 септември, годинава, и тој ќе биде нивен договор, а не само на политичарите, рече Бејли.

Според него, важно е граѓаните да го дадат својот глас бидејќи ако не го сторат тоа, нема да го дадат своето мислење и ќе бидат збунети, ќе бидат под влијание на различни наративи, а тоа, вели, нема да и помогне на земјата да оди напред.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести