„Цели 11 години спортот и спортските работници беа игнорирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ, a за неполни 2 и пол години политиките на СДСМ го враќаат спортот на прав пат.

Објавил: admin@magazin | 6 декември, 2019 18:08

Бившата од ТОШЕ, Адријана БУДИМИР ВЛЕЗЕ ВО ПОЛИТИКАТА НА СДСМ: Дел од Комисијата за спорт на СДСМ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Комисија за спорт на СДСМ, Наумче Мојсовски, на прес-конференција денеска претстави дел од членовите на новоформираната комисија.

Се работи за Андријана Будимир, Владо Недановски, Игорче Митревски и Дрита Ислами.

Наумче Мојсовски рече дека во тек е екипирањето на Комисијата на спорт на СДСМ, која како што изјави интензивно, домаќински и транспарентно ќе работи исклучиво во корист на спортот и спортските работници.

„Цели 11 години спортот и спортските работници беа игнорирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ, a за неполни 2 и пол години политиките на СДСМ го враќаат спортот на прав пат. За споредба, во 2016 година за спортот биле одделени само 60 милиони денари, додека за 2019 година, обезбедени се 244 милиони денари“, посочи поранешниот ракометар.

Тоше Проески и бившата ракометарка Адријана Будимир ја започнаа врската во 2001 година, а по три години прекинаа. Повторно се зближија во 2007 година, кога почнаа да живеат заедно, до неговата трагична смрт на 16ти октомври.

– Тоше често ми носеше бели рози, моето омилено цвеќе, а јас му ги носев на неговиот гроб, додека не ми забрани лекарот да одам. Секој пат кога ќе отидев во Крушево завршував во болница- раскажуваше пред неколку години Будимир која по трагичната судбина на Тоше не сакала долго да се откаже од носењето црно, видно ослабна и се повлече од јавниот живот.

Според нивни пријатели Тоше сакал да ја побара за жена, но во тоа се вмешала неговата менаџерка Лилјана Петровиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...