Многу скриени тајни за распадот на Југославија откри бившиот агент за ЦИА, Роберт Баер. Но сеуште никој не превзел одговорност

Објавил: Мартин Попоски | 5 февруари, 2022 20:26

Бивши агент на ЦИА открива: Југославија ја разделија Сад и Германија, поради рудни богатства

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Роберт Баер, бившиот висок офицер на ЦИА, а воедно автор на многу дела во кои оддаваше информации од ЦИА и од администрацијата на Бил Клинтон и Џорџ Буш, токму поради тоа е неколку пати апсен и приведуван од страна на полицијата.

Како голем оперативец на ЦИА Роберт Баер работел на просторот на бившата Југославија во периодот од (1991-1994) и на блискиот исток. Тој учествувал во неколку документарни филмови на националната географија, и пред јавноста Баер ја обвинуваше владата на Буш поради војната за нафта.

Тој ја промовираше пред неколку години својата книга The secreet of White house.

Во своето интервју за Балканот откива шокантни детали за кои не веруваме дека ќе останете рамнодушни.

Кога стигнавте во Југославија и каде точно,и што ви беше првата задача ?

Стигнавме со хеликоптер со уште 3 агенти. Слетавме 12 јануари 1991 во Сараево.

Роберт Баер бивши агент на ЦИА работел на просторот на бившата Југославија во периодот од (1991-1994) и на блискиот исток. 

Што вие работевте во Сараево под наредбата на ЦИА ?

Имавме задача да предупредуваме и да шириме паника меѓу политичарите во Босна, едноставно им ја полневме главата да имаат поголеми конфликти меѓу себе и земјите од бивша Југославија. Во почетокот ни беше интересно, но потоа се запрашавме зошто креваме паника која очигледно не постои.

Како мислење имавте вие поради пропагандата од страната на ЦИА, и што мислеа вашите колеги за тоа?

Секако дека една задача од ЦИА не се одбива, посебно дека во тие моменти тие беа многу нервозни и  имаа голема параноја за ситуацијата која беше во Југославија. Многу агенти и чиновници на ЦИА исчезнуваа, баш поради тоа што одбија да вршат пропаганда против Србите, Босанците и другите држави од бивша Југославија. Јас бев лично шокиран од лагите на нашите агенции и политичари. Многу агенти од ЦИА работеа на таа пропаганда а не беа свесни што прават. Едноставно секој го работеше својот дел и тие што ја измислуваа целата приказна беа политичарите од САД.

Во поранешна Југославија важеше митот дека Босна е најсигурна од сите републики точно поради нејзината географска положба и љубезниот народ, кој преку ноќ с е повампири и не се знаеше кој кого убива.
Фото 12, Јули 1992 / Pascal Guyot and Elvis Barukcic / AFP/Getty Images

Значи постоеше пропаганда исклучиво само за Србија или за сите држави ?

Да и не. Пропагандата имаше цел да ги замрази државите меѓу себе и  се одвојат од матичната Југославија. Mоравме да избереме жртвено јагне кое ќе беше криво за се. Некој кој ќе беше одговорен за војна и насилство.

Дали можете да ги наборите кои политичари беа платени од страната на ЦИА?

Да, ама тоа е многу деликантно. Стипе Месиќ, Фрањо Туѓман, Алија Изетбеговиќ беа платени и Српски генерали, новинари, па дури и војни формации. Едно време беше платен и Радован Караџиќ но престана да зема помош, бидејќи свати дека ќе биде жртвуван и осуден за злочините во Босна.

Речиси 20 години се поминати од воената кампања на НАТО над тогашна СР Југославија, односно Србија. Последици на воен, политички, економски, етнички и друг план секако дека се случија. Дури и меѓународното право беше прекршено и беше направен преседан спротивен на СБ на ОН. Но и „хуманиот“ аспект на кампањата остана крајно проблематичен. Имено, прашањата околу етичноста на бомбардирањето со употребата на осиромашен ураниум останаа неодговорени до денес, иако постојат повеќе издржани научни истражувања со индикатори, кои покажуваат како радиоактивноста на осиромашениот ураниум влијаела врз локалното население, но и страшно како бумеранг влијаела и врз учесниците во странските воени мисии во Косово, односно Србија. Очигледно последиците се далекосежни и имаат потенцијал да влијаат на генерации деца и млади и не само во Србија и во Косово, туку и во регионот, вклучувајќи ја и Македонија /  На Фотографијата се прикажани A-10 Thunderbolt II во мисија 

Споменавте контрола и финансирање на медиумите, колку тоа беше точно?

Тоа се знае веќе, посебни агенти на ЦИА беа задолжени за пишување на различни изјави кои беа дадени на водители, и читаа на вести. Секако тие ништо не знаеја, тоа го добиваа од својот шеф. Постоеше една задача за сите, а тоа беше со телевизијата да се шири злоба меѓу луѓето и национализам.

Што мислите генерално зошто се распадна Југославија ?

Се е јасно, имаше во Југославија големи рудни богатства. Едноставно, направија сите од вас робови,и вашите луѓе да работата за џабе, и да тие производи одат за Германија и Америка, тие да заработуваат. А вие на крајот морате се да соберете и увезете тоа што сами го направивте,а бидејќи немате пари морате да се задолжите, тоа е цела работа на Балканот.

 Дали имате порака за луѓето од бившата Југославија?

Да,имам. Нека го заборават минатото, тоа се работи исценирани и лажни. Вие и понатака се мразите, морате да покажете дека сте јаки и да сфативте кој и што направи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.